Сѐ уште не се воведени европски стандарди за ГМО xрана и xрана за животни

Фото: pxhere.com

 

ВЕТУВАЊЕ: Ќе воведеме и ќе применуваме јасна регулатива и програма за увезената ГМО храна и храна за животни и нејзино обележување, надзор и лабораториско испитување во согласност со европските стандарди.

[Извор: Програма на СДСМ- „План за живот во Македонија“, стр. 221, декември 2016 година ]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на СДСМ дадено  пред парламентарните избори  во 2016 година, дека ќе ја усогласи домашната со европската реглатива во однос на ГМО храната, досега (26.09.2018), не е исполнето.

Ветувањето беше планирано да се реалзира во првите шест месеци од мандатот на новата Влада, но повеќе од една  година по изборот на Владата подготвен е само предлог на Правилник, со кој се предлага да се примени прагот на толеранција за ГМО од 0,9 отсто според европската реглатива.

Имено, Агенцијата за xрана и ветеринарство во август годинава подготви предлог на нов Правилник за условите и постапката за издавање одобрение за ставање во промет на ГМ храна за животни и условите за нејзин промет и употреба и условите за ставање во промет на храната за животни која содржи и/или се состои од ГМО. Предлогот е доставен и до Владата која треба да даде мислење за тоа и да одлчи дали ќе се менува и Законот за ГМО.

Директорот на Агенцијата за рана и ветеринарство, Зоран Атанасов појасни дека во првилникот кој е доставен до Владата се содржани и дозволените граници на присуство на ГМО .

Ние до Владата доставивме предлог Правлник. Во правилникот, покрај начинот како ќе се спроведува е предвидена и границата на толеранција или прифатливост на случајно или техничко неизбежно присуство на ГМО храна во текот на производството. Би сакал да кажам дека практично со ова ќе се усогласиме со европската регулатива или со законодавството таму. Тоа значи дека прагот на толеранција за ГМО ќе биде утврден на 0,9 отсто“. ( Атанасов).

Агенцијата за храна во текот на септември почна научна дебата за да се утврди дали има потреба од менување на постојниот Закон за промет на ГМО храна. На една од дебатите која беше одганизирана во Стопанската комора учестваа, експерти, претставници на бизнис секторот и на потрошвачите.

Производителите на xрана бараат и во земјава да се применуваат европските норми за толеранција  на генетска модификација на некој производ од 0,9 отсто.

Потрошвачите, пак, бараат подобро информирање и регулирање на областа, како и уредување на законската регулатива.

Директорот на АXВ Атанасов вели на овој начин крајната одлука ќе ја има потрошувачот.

Подобро би било така затоа што мора да се одреди прагот на толеранцијата, а и правото на потрошувачот што ќе купува, дали ќе купи или не таква храна, тоа е право на потрошувачот. Меѓутоа мора да биде информиран дали тој производ има или нема ГМО организми. ( Атанасов).

Останува уште Владата да го даде своето мислење и да одлучи дали проблематиката ќе се регулира само со Правилник, или ќе се менува и Законот за ГМО доднесен во 2013 година со кој се забранува употреба на ГМО во xраната за луѓето и животните.

Прашањето сѐ уште не било разгледувано на владина седница што може да се види од дневните редови на владините седници во периодот од 1 август досега (26.септември 2018 година).

Што и да одлучи Владата, сепак, ќе биде потребно дополнително време за јавна расправа за измените на Правилникот или Законот.

Според изложеното може да се заклучи дека ветувањето на СДСМ, дека ќе воведе и ќе применува јасна регулатива и програма за увезената ГМО храна и храна за животни и нејзино обележување, надзор и лабораториско испитување во согласност со европските стандарди, сѐ уште не е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

Оцени: Рада Исовска – Маневска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција