САД со нови закани за санкции против политичари кои ќе го имплементираат Законот за дигитални услуги

Фото: колаж направен во Канва

Употребата на царини и клауд технологијата како закана од страна на САД – а не само дипломатски санкции – претставува пресвртна точка. Заканата за прекин на европскиот „дигитален крвоток“ е невидена демонстрација на американската моќ врз своите најблиски сојузници и има длабоки импликации за дигиталната, економската и политичката сувереност 

Употребата на царини и клауд технологијата како закана од страна на САД – а не само дипломатски санкции – претставува пресвртна точка. Заканата за прекин на европскиот „дигитален крвоток“ е невидена демонстрација на американската моќ врз своите најблиски сојузници и има длабоки импликации за дигиталната, економската и политичката сувереност 

 

Администрацијата на Трамп повторно ѝ се закани на Европската Унија со нов бран реваншизам заради Законот за дигитални услуги (Digital Services Act – ЗДУ). Овој пат тие се заканија дека ќе ja искористат американската инфраструктура за клауд-компјутинг против нивните сојузници. Односно, тоа ќе значи целосно исклучување на услужните платформи што технолошките гиганти – Мајкрософт, Амазон и Гугл – ги продаваат на ЕУ доколку Унијата и нејзините земји членки не се откажат или не гласаат против ЗДУ, или доколку имплементираат некои делови од овој закон.

 

Ескалација на американските санкции и трговската војна

Според Ројтерс, американските власти размислуваат за санкции – вклучително и визни ограничувања – за европските официјални лица кои го спроведуваат ЗДУ, а администрацијата тврди дека законот „ги потиснува американските конзервативци и ги оптоварува технолошките компании од САД“. 

Директното санкционирање на сојузнички претставници би значело драматична ескалација во борбата на администрацијата на Трамп против она што тие го сметаат како обид на Европа да ги потисне конзервативните гласови, оценува Ројтерс

Слични вакви чекори Стејт департментот презема во мај и јуни годинава, но тогаш упатија само закани за санкционирање на индивидуи и трговски мерки. Но, оттогаш, уверливоста на овие закани за санкции е малку поверојатна бидејќи веќе видовме како може истите да се имплементираат и актуелизираат. На почетокот на годинава Трамп потпиша извршна наредна со кои се санкционира Меѓународниот кривичен суд и главниот обвинител Карим Кан, поради потерници издадени против премиерот на Израел, Бенџамин Нетанјаху, и двајца министри во неговиот кабинет. 

Она што ја менува целата динамиката во трансатлантските односи е новата точка на притисок, односно лост преку кој може да се врши притисок. Тоа е заканата за ускратување на т.н. клауд технологијата, односно користење на американските сервери кои се базата на голем дел од интернет инфраструктура во Европа.

САД имаат прекинувач за интернетот, пишува Политико.

 

Технолошко заложништво

„Потполната зависност“ на Европа од американските клауд платформи (Мајкрософт, Амазон и Гугл) стана клучен елемент на американската закана. Политико истакнува дека клауд компјутингот е „крвотокот на интернетот“ – критичен за секоја институција, од владини органи, преку индустриски податоци, до универзитети, при што „повеќе од две третини“ од европскиот пазар го контролираат американски компании. Американските закони, вклучително и Клауд законот (Cloud Act), дозволуваат пристап до приватните податоци дури и ако се чуваат во Европа, што ги зголемува стравувањата кај ЕУ политичарите дека САД можат да ја претворат својата технолошка доминација во стратешко оружје.

Ризикот од исклучување е новата парадигма, Политико ја пренесе изјавата на Германскиот европарламентарец Матијас Еке.

Клауд технологијата е како чешма со вода. Што ако некој одлучи да ја затвори?, сподели шефот на француската компанија  ОВХКлауд, Бенџамин Ревколевски.

 

Стратегиски ризици и европска реакција

Европските влади признаваат дека алтернативите на американските фирми – како домашни иницијативи или кинеска технологија – сè уште не се конкурентни или доведуваат до нови безбедносни дилеми. И иако Мајкрософт и Амазон ветуваат дека ќе се спротивстават на секоја наредба на Трамп за прекин на услугите што им ги нудат на Европа, експертите се скептични дека тие можат да го издржат реалниот притисок на американската администрација.

Сè почесто се слушаат предупредувања дека „Европа не смее да зависи од надворешна сила која има моќ да го исклучи интернетот“, што ги стимулира повиците за стотици милијарди инвестиции во т.н. дигитална сувереност, или инвестирање во нова дигитална инфраструктура на европско тло.

Сепак, отргнувањето од американската технолошка доминација ќе биде тежок и скап процес, со проценети трошоци од околу 300 милијарди евра преку т.н Евростак иницијатива

Едноставно нема доволно алтернативи за американската дигитална индустрија, призна бившиот германски министер за финансии Јорг Кукис во април.

 

Нов парадигма во трансатлантските односи

Она што го издвојува овој конфликт не е само тајмингот, туку и спојот на трговски, технолошки и закани по суверенитетот. Како што резимира Политико: 

Европа слепо веруваше дека САД секогаш ќе бидат тука – и секогаш на нејзина страна. Сега ситуацијата изгледа многу поинаку.

Според Вашингтон Пост, тврдењата за цензура служат „како алат за администрацијата на Трамп да ги зајакне врските со екстремно десничарските партии во Европа“, а аналитичарите го идентификуваат овој спор како пресвртница за иднината на глобалното дигитално управување.

Употребата на царини и клауд технологијата како закана од страна на САД – а не само дипломатски санкции – претставува пресвртна точка. Заканата за прекин на европскиот дигитален крвоток е невидена демонстрација на американската моќ врз своите најблиски сојузници и има длабоки импликации за дигиталната, економската и политичката сувереност.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција