Самка Ибраимоски не објавил никаков пост поврзан со Рашковски

Фото: Фејсбук профил на претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимоски

Станува збор за лажна содржина напишана под преземена профилна фотографија од Фејсбук страницата на претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимоски. Тој објави дека постот за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски не е негов, дека некој сака да го дискредитира и побара Министерството за внатрешни работи  да реагира за вакви лажни објави

Станува збор за лажна содржина напишана под преземена профилна фотографија од Фејсбук страницата на претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимоски. Тој објави дека постот за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски не е негов, дека некој сака да го дискредитира и побара Министерството за внатрешни работи  да реагира за вакви лажни објави

 

 

Анонимна Фејсбук страница објавува лажен пост кој наводно го ставил на својот Фејсбук профил претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимоски. Се работи за содржина поврзана со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски

Господинот Рашковски ја кажува вистината. Ние исто за сунет така собираме пари, се вели во објавата која ја резензираме.

Но,  претседателот на ПЦЕР, Ибраимоски, воопшто не објавил ваков пост на својот Фејсбук профил. Станува збор за лажна содржина напишана под преземена профилна фотографија од Фејсбук страницата на Ибраимоски.

Ибраимоски објави дека постот за Рашковски не е негов, дека некој сака да го дискредитира и побара Министерството за внатрешни работи да реагира за вакви лажни објави.

Во врска со ова Ибраимоски за „Вистиномер“ истакна дека лажните вести што се објавуваат не само за него, туку за која било личност, можат да направат сериозни проблеми. Особено оние коишто се објавени на социјалните мрежи и кои побудуваат поголем интерес, гледаност и интеракција.

Обично објавувам постови, некогаш со акценти на мудрост, некогаш аформизми, а за кои луѓето ми даваат поддршка, и сега сето тоа некој сака да го дискредитира, да го злоупотреби. Овој сторител или сторители мора да се пронајдат. Кој тоа го направил?. Некој ја презел мојата слика и под неа напишал содржина која наводно е моја. Оваа содржина е и осетлива, оти се работи за верски чуства, се спомнува муслимански обред, ни изјави Ибраимоски.

Анонимната Фесјсбук страницата  „Мисија“ објавува претежно хумор и сатира, но и реобјавува постови од личности и организации. Меѓутоа, овојпат лажниот пост со измислена содржина која наводно ја напишал Ибраимоски, стана еден од повиралните постови со над 500 допаѓања,  дваесетина споделувања и повеќе коментари, од кои се гледа дека речиси сите наседнале на измислениот пост, кој предизвика и навреди кон Ибраимоски на етничка основа.

Инаку, лажниот пост следува откако поранешниот генерален секретар на Владата, Рашковски, на првото рочиште кое се води против него, за медиумите кажа дека подароците на неговите две деца се прибрани од родендени, крштевки, мекици и слично.

Имајќи го предвид сето ова, објавата на анонимната Фејсбук страницата со која се дискредитира јавна личност, а истовремено и се поигрува со неговиот кредибилитет, ја сметаме како дезинформација. Но, со оглед на фактот што станува збор.за хумористично-сатирична страница, како и со оглед на сатиричниот контекст на самата содржина (колку и да е невкусен и навредлив), „Вистиномер“ оваа содржина ќе ја оцени како сатира, следејќи ги насоките на Фејсбук за вакви ситуации. Оваа содржина има капацитет да биде сфатена сериозно, а како потврда за тоа се и коментарите под неа, кои покажуваат дека не мал број од корисниците ја сфатиле како да е вистинита, што не е точно.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција