Само за турската заедница 21 декември е неработен ден, а не и за сите граѓани

Пост на Фејсбук преку кликбејт наслов се обидува да привлече што повеќе внимание од читателите, ширејќи дезинформација дека на 21 декември нема да се работи. А, всушност, тоа е неработен ден само за турската заедница, што може да се дознае дури откако ќе се кликне на линкот од написот. Впрочем, тоа е и целта на самата објава – да улови што повеќе кликови

Пост на Фејсбук преку кликбејт наслов се обидува да привлече што повеќе внимание од читателите, ширејќи дезинформација дека на 21 декември нема да се работи. А, всушност, тоа е неработен ден само за турската заедница, што може да се дознае дури откако ќе се кликне на линкот од написот. Впрочем, тоа е и целта на самата објава – да улови што повеќе кликови

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук ја дезинформира јавноста дека понеделник – 21 декември е неарботен ден. Ова не е точно, станува збор за неработен ден само за претставниците на турската заедница во РС Македонија. Но, ваквата информација читателите можат да ја добијат само ако го отворат написот, каде што може да се види дека станува збор за одбележување на Денот на наставата на турски јазик, кој фактички е неработен за Турците, а не и за другите граѓани на С.Македонија.

Очигледно е дека насловот на текстот, кој е линкуван во овој пост на Фејсбук, е намерно така избран за да ги натера читателите да кликнат на написот. Па, отпосле да видат дека се измамени, дека тоа што се соопштува внатре во содржинскиот дел нема врска со насловната конструкција, која, пак, наведува на погрешен заклучок. Тоа се гледа и во некои од  коментарите под постот:

Aj j**ete se so postovive oci da ne vi gledam vise. Idete na block. MRSH…

Јасно е дека е во прашање класичен кликбејт-пост (clickbait), кој шири дезинформации. На самата објава ѝ недостига контекст (missing context), неопходни се дополнителни објаснувања за да може да биде правилно разбрана. Гледано од тој апсект насловот е проблематичен бидејќи ги доведува во заблуда читателите. Голем дел од луѓето ги читаат само насловите, но не и целите написи, а од овој наслов ќе добијат сосема погрешна информација.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција