Саркастични коментари наместо информации за работата на Филипче

 

 

Пишува: Билјана Т. Димко

На веб страницата на телевизија „Алфа“ на 05.07.2020 е објавен новинарски текст со наслов „Филипче си тера предизборни партиски активности, заборави на тематските прес-конференции за корона“.

Овој текст има еднострана функција да му забележи на министерот за здравство Венко Филипче дека откако почна предизборниот период тој е постојано политички активен, не ги држи пресовите на кои навикнала новинарката, па се користи формулата „Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат каде е министерот?“:

Гледам нешто ми фали деновиве на кое се навикнав да го слушам секојдневно, а тоа да ти бил министерот Венко Филипче со неговите спектакуларни пресови дека состојбата со корона епидемијата е под контрола! И се чудам каде е министерот?

Напротив, детали за тековните и секојдневните активности на Министерството за здравство и министерот Венко Филипче можат да се проследат на социјалните мрежи, преку кои и понатаму се објавуваат дневни извештаи за состојбата со Ковид 19 во нашата земја, заедно со препораките против ширење на пандемијата.

Овој ироничен коментар ништо не открива/информира, туку само неумешно ја провоцира јавноста.

Текстот завршува со отворено прашање:

Зошто Филипче е пофокусиран на изборна кампања во битка за власт, наместо во битката за справување со Ковид 19?

Соодветно би било доколку имаше изјава од министерот Филипче. Вака на јавноста и се пласира невистина, а не информација.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција