Сашо Јанкоски
Сашо Јанкоски e градоначалник на Oпштина Вевчани
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Јанкоски е роден е 1972 година, женет е и има две деца.
ОБРАЗОВАНИЕ
Тој е дипломиран машински инженер
КАРИЕРА
Јанкоски работел во приватна фирма како програмер на CNC машини.
Тој е претседател на Општинската организација на СДСМ од Вевчани. Претходно бил координатор на советничката група „Независни граѓани“ во Советот на Општина Вевчани, а во далечната 1987 година како средношколец учествувал во штрајкот со глад на вевчанската младина во битката со тогашната власт во познатиот „Вевчански случај“.
На локалните избори кои се одржаа на 15 октомври 2017 година бил избран за градоначалник на Општина Вевчани.
ИЗВОР:
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар