Сатиричен напис дека Заев изјавил „дека не треба да се замараме дали пописот е фер“, се споделува како да е вистинит

Фото: Скриншот од фото на Влада на РСМ

Проблематично во оваа Фејсбук објава е што не е споделен линк од написот, за да можат читателите да го прочитаат целиот текст и да разберат дека всушност станува збор за сатирична објава. Наместо тоа, споделен е исечок на написот, односно само насловот и истиот е објавен како фотографија. Притоа во принтскринот изоставен е наднасловот кој е напишан со поголеми букви и од самиот наслов и кој укажува дека објавата е измислена и сатирична. Со самото ова, корисниците на Фејсбук се доведени во заблуда

Проблематично во оваа Фејсбук објава е што не е споделен линк од написот, за да можат читателите да го прочитаат целиот текст и да разберат дека всушност станува збор за сатирична објава. Наместо тоа, споделен е исечок на написот, односно само насловот и истиот е објавен како фотографија. Притоа во принтскринот изоставен е наднасловот кој е напишан со поголеми букви и од самиот наслов и кој укажува дека објавата е измислена и сатирична. Со самото ова, корисниците на Фејсбук се доведени во заблуда

 

 

На објава на социјалната мрежа Фејсбук, како фотографија споделена е наводна изјава на поранешниот премиер Зоран Заев во која тој го коментира исходот од пописот направен во Северна Македонија првпат после 10 години, во 2021 година. Проблематично е што Заев воопшто не дал ваква изјава.

Зависи како ќе УМРЕШ дали како МАКЕДОНЕЦ или како тебе ВЕЛЕПРЕДАВНИК на сопствениот РОД, се вели во објавата на Фејсбук.

Заев: Сите ќе умреме еден ден, зошто да се замараме дали пописот е фер? Вака гласи насловот на еден напис, кој е објавен на порталот „Кооперација“. Кога ќе го отворите текстот станува јасно дека е сатира, односно дека оваа изјава е измислена и не преставува вистинска изјава дадена од поранешниот премиер. Веднаш над самиот наслов на порталот „Кооперација“ со големи букви пишува САТИРА.

Овој напис е преземен и од порталот Tввести и таму е нагласено дека станува збор за сатира. Најдолу на текстот со големи букви пишува напомена: СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ.

Проблематично во оваа Фејсбук објава е што не е споделен линк од написот, за да можат читателите да го прочитаат целиот текст и да разберат дека всушност станува збор за сатирична објава. Наместо тоа, споделен е исечок на написот, односно само насловот и истиот е објавен како фотографија. Притоа во принтскринот изоставен е наднасловот кој е напишан со поголеми букви и од самиот наслов и кој укажува дека објавата е измислена и сатирична. Со самото ова, корисниците на Фејсбук се доведени во заблуда.

Доколку корисниците не одвојат време да проверат дали тој навистина дал ваква изјава, многу лесно можат да поверуваат во напишаното. А такви се сите 70 корисници на социјалната мрежа Фејсбук, кои ја виделе објавата и искоментирале. Сите коментари на оваа објава покажуваат дека луѓето се уверени дека Заев навистина кажал вакво нешто. Затоа, коментарите, без исклучок, се полни со навреди и говор на омраза.

Објавата е вирална, со над 10 споделувања и речиси 80 реакции. Сите оние кои ја виделе оваа објава, поверувале во неа, затоа што ништо во објавата не укажува дека станува збор за сатира, бидејќи ниту на фотографијата ниту во текстот на Фејсбук објавата нема таква напомена.

Кога станува збор за објавување сатирична содржина, тоа треба да биде јасно и видливо нагласено. Со споделување принтскринови на сатирични објави на социјалните мрежи без да се нагласи тоа, се создава впечаток дека се вистинити, со што се врши манипулација врз јавноста.

Сатирата често се користи и во политички пресметки или пресметки со јавни личности. Затоа пред инстантно да се поверува во било што објавено на Фејсбук, треба да се провери од неколку извори дали тоа што е вистина или пак станува збор за нечија намерна манипулација.

Со оглед на сето ова, оценуваме дека овде станува збор за манипулативно користење на сатирата, односно за злоупотреба на сатира од политички причини, односно заради постигнување политички цели.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција