Сатирична и „фотошопирана“ фотографија на Камала Харис манипулира дека добила диплома од кловн

Фото: скриншот од дел од постот

Пост со монтирана фотографија од американската потпретседателка Камала Харис и лице облечено како кловн, ја манипулира јавноста дека потпретседателката навистина примила почесна диплома од кловнот. Всушност, монтажата со текстот се објавени во еден од најпознатите американски сатирични веб сајтови, но тоа во постот никаде не е нагласено

Пост со монтирана фотографија од американската потпретседателка Камала Харис и лице облечено како кловн, ја манипулира јавноста дека потпретседателката навистина примила почесна диплома од кловнот. Всушност, монтажата со текстот се објавени во еден од најпознатите американски сатирични веб сајтови, но тоа во постот никаде не е нагласено

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук на која што е споделена фотографија од потпреседателката на САД, Камала Харис, како добива диплома од кловн. Но оваа фотографија не е вистинита туку преставува фотомонтажа.

Колеџот за кловнови и додели почесна диплома на Камала.

Честитки

Вака кога ќе ја погледнете оваа фотографија од американската потпретседателка Харис, придружена со текстот на објавата, можете да заклучите дека Харис навистина добила ваква диплома. Но, ова не е вистина.

Станува збор за сатира и фотомонтажа, односно вакво нешто не се случило. Камала никогаш нема добиено ваква диплома, ниту пак фотографијата е автентична. Лицето на Харис е преземено од нејзина друга фотографија и монтирано на оваа фотографија.

Сепак, доколку не издвоите малку време да проверите дали ова навистина се случило, може многу лесно да поверувате во напишаното.

Текст со ваква содржина пред неколку дена беше објавен на американскиот сатиричен веб сајт The Babylon Bee. Овој веб-сајт објавува сатирични написи на теми како религија, политика, актуелни настани и јавни личности. Претставува христијанска, евангелистичка или конзервативна верзија на познатиот сатиричен сајт The Onion.

Во тој текст, сатирично се вели дека „Потпретседателката Камала Харис била почестена со почесна диплома од главниот американски колеџ за кловнови за нејзината напорна работа кловнувајќи низ главниот град на нацијата“.

Самата фотографија е монтажа од фотографија на Харис снимена додека зборува на Годишната конференција на Националната урбана лига, на 22 јули 2022 година, во Вашингтон.

Оние кои ја виделе објавата која е предмет на оваа рецензија и поверувале во неа, тоа го сториле токму поради тоа што ништо во објавата не укажува дека станува збор за измислица. Ниту на фотографијата, ниту во текстот на Фејсбук објавата нема напомена дека е сатира.

Кога станува збор за објавување на сатирична содржина тоа треба да биде јасно и видливо нагласено. Со споделување на сатирични објави на социјалните мрежи без да се нагласи тоа, се создава впечаток дека се вистинити, со што се врши манипулација врз јавноста.

Не е ни прв, ни последен пат да се објавуваат сатирични текстови и „фотошопирани“ фотографии од политичари коишто треба да бидат иронични и смешни. Но, секогаш треба да е јасно и видливо нагласено дека станува збор за сатира, односно измислица, за да не дојде до забуна во јавноста, особено на социјалните мрежи.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како сатиричен.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција