Сатирична измислена изјава на Ковачевски, се споделува на Фејсбук како вистинска

Фото: vlada.mk

Во постот што се шири на Фејсбук не е посочен линк до насловот што се споделува, а во кој се вели: „Ковачевски: Ќе се смени законот за брак, секој ќе може да има по две жени без проблем“. Вистиномер го пронајде написот во којшто најдолу со големи црвени букви е обележано дека се работи за сатира. Од самиот опис на постот, се добива впечаток како авторот да не сфатил дека станува збор за сатира, па  ја презентирал оваа содржина како да се работи за вистинита изјава на Ковачевски. Постот привлекол големо внимание,а според коментарите повеќемина поверувале во напишаното

Во постот што се шири на Фејсбук не е посочен линк до насловот што се споделува, а во кој се вели: „Ковачевски: Ќе се смени законот за брак, секој ќе може да има по две жени без проблем“. Вистиномер го пронајде написот во којшто најдолу со големи црвени букви е обележано дека се работи за сатира. Од самиот опис на постот, се добива впечаток како авторот да не сфатил дека станува збор за сатира, па  ја презентирал оваа содржина како да се работи за вистинита изјава на Ковачевски. Постот привлекол големо внимание,а според коментарите повеќемина поверувале во напишаното

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува фотографија од премиерот Димитар Ковачевски, со негова наводна изјава, односно од насловот на споделената фотографија се добива впечаток дека станува збор за негова изјава. На фотографијата прикажана во склоп на Фејсбук објавата пишува:

Ковачевски: Ќе се смени законот за брак, секој ќе може да има по две жени без проблем

Во самиот пост, пак, е наведено:

Ами жените може ли да имаат по двајца мажи? Има ли некој со мозок во СДСМ?
Во постот не се дава линк до споменатата медиумска содржина, но Вистиномер го пронајде написот од кој што е извадена фотографијата и најдолу од текстот,  е обележано дека се работи за сатира. На крајот од самиот напис со големи црвени букви е испишано:

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

Во постот што го рецензираме пак, споделена е само фотографија, а не линк до целосниот напис, па не може да се дојде до ова укажување во текстот, од кое што би станало јасно дека не станува збор за вистинита медиумска содржина базирана на дадена изјава, туку се работи за измислена сатирична објава.
Од самиот опис на постот, се добива впечаток како авторот да не сфатил дека станува збор за сатира, па  ја презентирал оваа содржина како да се работи за вистинита изјава на Ковачевски. Постот привлекол внимание има над 70 реакции, а според коментарите повеќемина поверувале во напишаното.

Меѓутоа, наспроти впечатокот кој го оддава постот, премиерот Ковачевски никогаш не ја дал оваа изјава дека ќе се менува законот за брак. Закон за брак во Република Северна Македонија не ни постои, туку неговиот правен назив е Закон за семејство. Според овој Закон, во Р. С. Македонија се уредуваат бракот и семејството, односите во бракот и семејството, одредени облици на посебна заштита на семејството, нарушените односи и насилството во бракот и семејството, посвојувањето, старателството, издржувањето како и постапката пред судот во брачните спорови.

Членот 6 од Законот за семејство посочува дека бракот е со закон уредена заедница на живот на мажот и жената, во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството. Односите меѓу брачните другари се засноваат врз слободна одлука на мажот и жената да склучат брак, врз нивната рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање.

Во вториот дел од Законот за семејството, во којшто се уредува бракот и склучувањето на бракот, како услов за склучување и полноважност на бракот во членот 15 се наведува дека „брак можат да склучат две лица од различен пол со слободно изјавена волја пред надлежен орган, на начин определен со закон“. Членот 17 од истиот Закон, е дециден дека:

Не може да склучи нов брак лице додека порано склучениот брак не му престане.

Оттаму, во Република Северна Македонија не е дозволено едно лице истовремено да биде во повеќе бракови.

Исто така, кај нас воопшто не се расправа за тоа да се промени законот за брак, како што се нарекува Законот за семејство во постот што го рецензираме, ниту пак, премиерот Ковачевски изјавил дека „секој ќе може да има по две жени без проблем“. Во конкретниот случај, се работи за сатирична измислена изјава на Ковачевски, којашто во овој пост на Фејсбук е споделена како вистинска.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција