Сатирична објава за кражба во полициски магацин споделена како вистинска вест

From:Gear Vector Police Duty Gear Pack from 365PSD.com

Во овој пост што се споделува на Фејсбук не е наведено дека станува збор за сатира, нема линк до оригиналниот напис, па е оставена е отворена можноста информацијата да биде погрешно протолкувана како вистинита. Наместо како исмевање за кражбата на солзавец, шок бомби и други предмети од  полициски магацин во Охрид

Во овој пост што се споделува на Фејсбук не е наведено дека станува збор за сатира, нема линк до оригиналниот напис, па е оставена е отворена можноста информацијата да биде погрешно протолкувана како вистинита. Наместо како исмевање за кражбата на солзавец, шок бомби и други предмети од  полициски магацин во Охрид

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, кој се однесува на неодамнешната кражба во магацин на Министерството за внатрешни работи која се случи во Охрид. Според информации од полицијата, солзавец, шок бомби и други предмети биле украдени од магацин на полицијата во Охрид, кој што бил помошен магацин за расходна опрема лоциран во старата касарна. Кражбата е пријавена, известен е јавен обвинител и одделот за внатрешна контрола на МВР.

Во постот што го рецензираме се вели:

Ако и полицијата ангажира агенција за обезбедување, тогаш може мирно да спиеме.

Во склоп на ова тврдење, споделена е и фотографија од наслов на медиумски напис кој гласи:

Откако ги ограбија, за да се заштити од крадци СВР Охрид ќе ангажира агенција за обезбедување

Со оглед на тоа што се работи само за скриншот, од постот е неможно да се утврди од каде потекнува овој медиумски наслов. Откако на 14 април се случи кражбата во депото на МВР во Охрид, таа предизвика бурни реакции во јавноста, меѓу кои и сатирични, комични, но и реакции во кои се бара одговорност за настанот, со оглед на тоа што кражбата се случила во простор кој би требало да биде обезбедуван од страна на МВР за да не се дозволи крадење на сензитивни материјали како што се случило.

Така, сатиричниот веб-сајт Кооперација, кој е популарен по своите сатирични објави за актуелните настани кои се случуваат во државата, го има објавено насловот- кој се користи во постот што го рецензираме, на своја сатирична вест дека наводно полицијата ќе ангажира агенција за обезбедување за да се заштити од идни кражби.

Сатирата како новинарски жанр има за цел да исмее и посочи на настани коишто се неприфатливи во општеството и на духовит начин да критикува и опоменува. Кога повод за сатирата се настани од реалноста кои се навистина невообичаени, таа може да биде тешка за препознавање и секогаш постои можност да биде погрешно протолкувана како да е вистинита информација.

Постојат минати искуства во кои сатирата не беше протолкувана како таква, меѓу другото и поради нејзино несоодветно и недоволно означување при публикацијата на новинарските текстови.

Здружението на новинарите ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕМ), минатата година им укажаа на медиумите да внимаваат со сатирата и кога ја користат, барем на почетокот на написите да наведат дека се работи за овој новианрски жанр за да не дојде до забуни.

Ваквата реакциа на ЗНМ и СЕМ следеше откако дел од медиумите сатирична, измислена изјава на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко сфатија сериозно и ја пренесоа како вистинска. Па така, се појавија написи во кои се тврдеше дека градоначалникот Мерко „јадел често и на сила само за да ги помогне угостителите, а за тоа било платено од страна на општината“. Некои ја пренесоа како вест, а на крајот од текстот беше наведено: „Прочитајте ја целата сатирична вест на порталот Кооперација“, но во насловот тоа не беше потенцирано

Иако станува збор за содржина од сатиричен карактер, медиумите кои во јавноста се препознаваат како професионални не треба да го занемарат фактот дека ваквите содржини лесно можат да бидат прифатени од пошироката јавност како вистинити, особено ако темите се во контекст на актуелни политички случувања. Им укажуваме на медиумите доколку користат вакви објави кои имаат сатирична содржина најмалку што можат да направат уредниците е на многу јасен начин, на почетокот на текстот, да истакнат дека станува збор за измислена содржина. Притоа треба да се свесни за можноста од дезинформирање на граѓаните, особено имајќи предвид дека читателот неретко се задржува на насловот и кратко поминува низ содржината на објавата, посочија оттаму.

Во случајот  со постот што го рецензираме, во него не е наведено дека станува збор за сатира, нема линк до оригиналниот напис, па е оставена е отворена можноста информацијата да биде погрешно протолкувана како вистинита. Наместо како исмевање за кражбата на солзавец, шок бомби и други предмети од  полициски магацин во Охрид.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција