Сатирична објава за непостоечки разговор предизвика лавина навреди за министерката Петровска
Сатиричниот текст почнува со тоа дека „во последниот телефонски повик, министерката за одбрана му дала ветување на Зеленски дека Русија и Путин ќе бидат поразени, а тој плачел додека зборувал по телефон, нарачал воена артилерија како помош од Северна Македонија”. Наводниот разговор, уште пред да се прочита докрај е јасно дека е невистинит, но и покрај тоа од над илјада коментари под текстот, евидентно е дека голем дел од корисниците на социјалната мрежа не увиделе дека истиот е сатиричен, па текстот го доживуваат или како реален, или пак го игнорираат фактот дека станува збор за сатиричен текст и истиот го користат за да упатат низа навреди, исмевања и клевети на сметка на министерката за одбрана Славјанка Петровска
Сатиричниот текст почнува со тоа дека „во последниот телефонски повик, министерката за одбрана му дала ветување на Зеленски дека Русија и Путин ќе бидат поразени, а тој плачел додека зборувал по телефон, нарачал воена артилерија како помош од Северна Македонија“. Наводниот разговор, уште пред да се прочита докрај, е јасно дека е невистинит, но и покрај тоа од над илјада коментари под текстот, евидентно е дека голем дел од корисниците на социјалната мрежа не увиделе дека тој е сатиричен, па го доживуваат или како реален, или, пак, го игнорираат фактот дека станува збор за сатира и го користат за да упатат низа навреди, исмевања и клевети на сметка на министерката за одбрана, Славјанка Петровска
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во чиј состав е поставен линк од напис, во кој се вели:
Славјанка: Русија ќе ја поразиме! Зеленски ми плачеше преку телефонот му треба помош во оваа борба.
Користената фотографија во состав на написот е официјална фотографија од министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Текстот претставува наводен дијалог од телефонски разговор меѓу министерката и украинскиот претседател Володимир Зеленски, меѓутоа дијалогот е измислен и сатиричен и никогаш не се случил.
На крајот од текстот пишува дека „статијата е сатирична измислица, а сите сличности се случајни“. Истиот текст е објавен во рубриката „сатира“, што јасно се гледа ако се кликне на објавата. Меѓутоа, ова не е наведено пред да се кликне на линкот од текстот, а од коментарите под написот е евидентно дека голем дел од корисниците на социјалната мрежа Фејсбук, кои се заинтересирале за оваа содржина, не сфатиле дека воопшто станува збор за сатиричен текст, или, пак, не кликнале да го прочитаат за да видат дека станува збор за сатира.
Сатиричниот текст почнува со тоа дека „во последниот телефонски повик, министерката за одбрана му дала ветување на Зеленски дека Русија и Путин ќе бидат поразени, а тој плачел додека зборувал по телефон, нарачал воена артилерија како помош од С. Македонија”. Наводниот разговор, уште пред да се прочита докрај е јасно дека е измислен, но и покрај тоа од над илјада коментари под текстот, евидентно е дека голем дел од корисниците на социјалната мрежа не увиделе дека истиот е сатиричен, па го доживуваат или како реален, или пак го игнорираат фактот дека станува збор за сатира и го користат за да упатат низа навреди, исмевања и клевети на сметка на министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
Од над илјада коментари под текстот, само во еден коментар се цитира делот од текстот во кој е напоменато дека станува збор за сатира, а најголемиот дел од другите коментари се напади врз министерката. Ова наведува на заклучокот дека известувањето за сатира во коментарите не помогнало многу при согледувањето на реалната слика.
Со други зборови, ова претставува содржина која користи иронија, претерување или апсурдност, особено во контекст на актуелни политички и општествени настани. Но, од коментарите се гледа дека има корисници кои не го сфатиле постот како сатира, а и во самата најава, односно пред да се кликне на постот тоа не е јасно обележано. Огромен број корисници не ги отвораат написите пред да коментираат, па тоа објаснува зошто и најголем дел од оставените коментари се такви како да се работи за сериозен разговор. Иако, таков колоквијален разговор не би можело да се случи во официјален контекст меѓу двајца претставници на држави, уште помалку кога би станувало збор за официјален телефонски разговор.
Погоренаведениот пост го оценуваме како сатира, со дополнителна препорака, за да се избегнат вакви недоразбирања, текстот би требало да биде обележан како сатиричен и во самата најава.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар