Сатирична вест за Ковачевски и за платите на професорите претставена како да е вистинита

Фото: Влада на РСМ

На принт скринот односно во објавата на Фејсбук што ја рецензираме, никаде не пишува дека станува збор за сатирична вест, како што впрочем јасно стои на веб-страницата каде што е објавена содржината. Преку претставувањето на оваа вест како вистинита, граѓаните се ставаат во заблуда и погрешно се информираат за актуелните општествени случувања

На принт скринот односно во објавата на Фејсбук што ја рецензираме, никаде не пишува дека станува збор за сатирична вест, како што впрочем јасно стои на веб-страницата каде што е објавена содржината. Преку претставувањето на оваа вест како вистинита, граѓаните се ставаат во заблуда и погрешно се информираат за актуелните општествени случувања

 

 

Пост на Фејсбук објавува неточна содржина каде наводно премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, изјавил дека професорите ќе имаат поголеми плати, но откако ќе бидеме дел од Европската Унија.

Ковачевски: “ПОГОЛЕМА ПЛАТА ЗА ПРОФЕСОРИТЕ КОГА ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ!, стои во објавата на Фејсбук.

Станува збор за неточна содржина споделена на Фејсбук како принт-скрин со фотографија и наслов преземени од интернет порталот Кооперација.мк, кој редовно објавува сатирични содржини а истото е наведено над самиот наслов на текстовите.

Но, на принт скринот односно објавата на Фејсбук што ја рецензираме, никаде не пишува дека станува збор за сатира, а кај читателите, судејќи според коментарите на самиот пост, се создава погрешна претстава за ставот на Владата, а со тоа и на премиерот Ковачевски, околу зголемувањето на платите на просветните работници.

Со други зборови, претставувајќи ја оваа вест како вистинита, граѓаните се ставаат во заблуда и погрешно се информираат за актуелните општествени случувања.

Од Владата на С. Македонија за Вистиномер го демантираа Фејсбук постот што го рецензираме. Оттаму, накусо нè информираа дека премиерот Ковачевски никаде не дал изјава дека платите на професорите ќе се зголемат откако државата ќе стане членка на Европската унија.

Со оглед на сето погоре изнесено и демантот од Владата оценуваме дека се работи за содржина која е неточна и која според виралноста, успеала да изманипулирала голем дел од јавноста. Кога станува збор за сатирични содржини, тоа треба да биде јасно наведено, за читателите да не бидат доведени во заблуда дека одредена измислена сатирична вест е всушност вистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција