Сценариото од Рокфелер фондацијата, објавено во 2010, не е план за ковид-пандемија

Фото: Принтскрин

Сценариото за кое се говори во видеото што се споделува на Фејсбук, не е никаков таен документ, туку е јавно објавен на интернет пред 9 години. Извештајот не содржи една туку четири сценарија за иднината, кои не се ни планови ни предвидувања. Локстеп сценариото што е објавено во извештајот на „Рокфелер“ фондацијата се однесува на 2012 година, но тогаш се случи таков настан.Така што, како невистинити ги оценуваме тврдењата изнесени во видеото дека „Рокфелер“ фондацијата ја испланирала ковид-пандемијата уште во 2010 година

Сценариото за кое се говори во видеото што се споделува на Фејсбук, не е никаков таен документ, туку е јавно објавен на интернет пред 9 години. Извештајот не содржи едно, туку четири сценарија за иднината, кои не се ни планови, ни предвидувања. Локстеп сценариото што е објавено во извештајот на „Рокфелер“ фондацијата се однесува на 2012 година, но тогаш се случи таков настан.Така што, како невистинити ги оценуваме тврдењата изнесени во видеото дека „Рокфелер“ фондацијата ја испланирала ковид-пандемијата уште во 2010 година

 

Рецензираме пост  на Фејсбук со видео материјал, во којшто се навестува ,,обраќање кое засекогаш ќе го промени вашето мислење околу пандемијата” и згора на тоа, документот изложен во постот, се претставува како ,,протечено сценарио на Рокфелер Фондацијата од 2010 година”.

Иако овој  документ е јавно достапен. Всушност, можете и да го прочитате документот на 54 страници, бидејќи е објавен на 27 јуни 2012 година, пред 9 години. Пракса на теоретичарите на заговор е сосема јавни документи да ги претставуваат како скриени и непознати, за да ја заинтересираат јавноста уште повеќе во овие содржини, коишто ги фабрикуваат и ги филуваат, ги изместуваат од контекст за да служат на нивните деструктивни наративи.

Во видеото кое трае 6 минути и се вели дека фондацијата „Рокфелер“ во 2010 објавила сценарио во кое се предвидува претстојна пандемија која ќе убие 8 милиони луѓе за 7 месеци. Сега се тврди дека благодарение на холандскиот пратеник Тиери Боде овој документ излегува во јавност (од 11 до 27 секунда од видеото). Но, вистината е дека документот е јавен 9 години, а пратеникот само манипулативно го презентира истиот. Во видеото се тврди дека Боде благодарение на овој документ од 2010 година,  кога се обраќа во парламентот, изнесува како ќе изгледа таа пандемија, колку ќе трае, какви мерки ќе се преземат околу неа и каква ќе биде реакцијата на луѓето на пандемијата. Неименуваниот наратор, го именува ова излагање како ,,најважното видео за оваа година”.

Но, проблемот започнува уште во воведната реченица на пратеникот (1.40 мин. во видеото) каде тој кажува дека во 2010 година „Рокфелер“ фондацијата развила сценарио за иднината на технологијата и меѓународниот развој. Не за пандемија, туку за технологија и меѓународен развој.

Според ова сценарио Кинезите ќе почнат со задолжителен карантин за сите граѓани, и херметичко затворање на сите граници. Националните лидери во светот ќе ја демонстрираат својата моќ по пат на закони, нови регулативи и рестрикции. Како носење маски, мерење температура на влезовите и аеродромите. Според ова Локстеп сценарио, не чекаат уште многу работи. Велат дека дури и кога пандемијата ќе заврши, авторитарната контрла и надгледување на граѓаните и нивната активност остануваат и се интензивираат.Во извештајот од 2010 тие го спомнуваат терминот климатски карантини, за што почнуваат да зборуваат во овој момент. Како би се заштитиле од проблеми што стануваат поглобални од пандемијата, транснационалниот тероризам, климатската криза и зголемувањето на стапката на сиромаштија, лидерите ширум светот ќе добиваат се поголема моќ. Извештајот предвидува како луѓето ќе реагираат на ова, токму како сега, ќе бидат воодушевени кога ќе се вакцинираат и ќе поставуваат слики од вакцинирањето на социјалните мрежи. Во извештајот се споменува и ковид пасошот како што визионерски предвидува писателот на локстеп сценариото”, вели пратеникот во своето излагање (од 2.00 -3.36 мин. во видеото).

Меѓутоа, кога ќе се прочита документот на 54 страници, ќе се видат две работи коишто разобличуваат колку манипулативно и лажно е тврдењето дека Рокфелер фондацијата со намера подготвила сценарио.

Извештајот презентира четири МОЖНИ ХИПОТЕТИЧКИ идни сценарија за тоа како може да се развива светот, а едното од нив е пандемија од инфлуенца и локдаун. Сценаријата не се предвидувања или планови, туку ХИПОТЕЗИ.

Фондацијата Рокфелер користи сценарија што претставуваат процеси на создавање наративи за иднината, базирани на фактори коишто веројатно можат да влијаат за идните предизвици и можности за да се идентификуваат уникатни интервенции, да се симулира и да се вежбаат важни одлуки кои можат да имаат длабински импликации. Според извештајот, сценаријата се напишани од консултантската фирма „Global Business Network“, која што се занимава со изработка на сценарија.

 

Четири сценарија

Сега одиме на најважното – содржината на овој извештај. На страница 18 презентирано е Локстеп сценариото. Во него пандемијата којашто ќе убие 8 милиони луѓе за седум месеци се предвидува за 2012 година (не се случи!). Извештајот на 54 страници ја истражува ,,улогата на технологијата и иднината на глобализацијата и зема предвид повеќе начини на кои што може да се развива светот во иднина. Четирите можни сценарија се:

  1. Lock step: Свет на посилна контрола од владата на другите и поавторитарно лидерство, со лимитирана иновација и отпор од граѓаните.
  2. Умни заедно: Свет во кој висококоординирани и успешни стратегии се појавуваат за решавање на итните светски проблеми
  3. Hack attack: Економски нестабилен и свет подложен на шокови во кој владите слабеат, криминалците просперираат и опасни иновации се појавуваат.
  4. Smart Scramble: Економски депримиран свет во кој индивидуите и општествата развиваат локализирани, закрпени решенија за сет од проблеми што растат.

Како што се кажува и во воведот на извештајот, сценаријата НЕ СЕ ПРЕДВИДУВАЊА. Тие се умни хипотези кои ни дозволуваат да замислиме и да вежбаме различни стратегии за како да бидеме поподготвени за иднината.

Според извештајот, Локстеп сценариото, гласи:

Во 2012 година, пандемија од нова инфлуенца со потекло од диви патки, инфицира 20 проценти од глобалната популација и убива 8 милиони луѓе за 7 месеци, повеќето од нив здрави млади луѓе. Економиите се руинирани. Кина се справува подобро од САД и други нации, зашто воведува карантин за сите граѓани и ги затвора границите. Земјите воведуваат мерки како носење маски и дури и по завршувањето на пандемијата, оваа поавторитарна контрола на граѓаните и нивните активности се интензивира со земји во развој кои нарачуваат биометриски идентификации за сите граѓани. Вирулентниот национализам создава нови опасности, гледачите на Светскиот куп од 2018 на пример, носат панцири со нивното национално знаме. Научниците и иноваторите следат од властите какви откритија да направат и се водени кон проекти што ќе заработат пари. До 2025 година луѓето се изморуваат од толку голема контрола од горе надолу и се создаваат граѓански немири.

Во извештајот се вели дека иако некои од овие настани можеби биле предвидливи пред една декада, тие не се планови.

Во извештајот има уште три сценарија коишто, ако се разгледаат засебно, за различни луѓе можеби делуваат делумно остварени или остварливи. На пример, не значи дека ако се појавуваат високо координирани стратегии меѓу повеќе држави за решавање на клучни проблеми, дека тоа е некаков иден план. Тоа е само сценарио кое е лесно предвидливо. Освен тоа, кога се зборува за рестрикциите од владите, за секоја пандемија важат истите мерки, на носење маска, дистанца, така што не е воопшто тешко да се предвиди ниту ова. И мерките во актуелната пандемија се мерки што се користени во минатото (постојат  фотографии од минатите пандемии на кои луѓето носат маски) .Маски се носеле и во 1914 година и без нив, на пример, не можело да се добие услуга за јавен транспорт. Денеска се копираат мерките од минатите пандемии. И во 1918 година имало социјална дистанца како мерка на одговор на пандемија. И тогаш дел од луѓето не сакале да носат маски како и денеска.

И Глобалната алијанса за вакцинација ја споредува ковид-пандемијата со минатите пандемии, од што може да се забележи дека секаде имало економски последици. Како и ковид-19 и азискиот грип земал главно жртви постари од 65 години. Шпанскиот грип, пак, ги напаѓал главно младите и здрави луѓе со особена жестина. Половина од починатите од шпански грип биле на возраст меѓу 20 и 40 години.

Пандемиите меѓу себе си личат една на друга. Мерките, исто така, си личат една на друга. Затоа во сценариото на фонадацијата „Рокфелер“ е лесно да се предвидат некои работи.

Во секој случај, сценариото опишано во извештајот било достапно уште пред 9 години и јавно објавено на интернет. Извештајот не содржи една туку четири сценарија за иднината, кои не се ни планови ни предвидувања. Локстеп сценариото што е објавено во извештајот на „Рокфелер“ фондацијата се однесува на 2012 година, но тогаш се случи таков настан.Така што, како невистинити ги оценуваме тврдењата изнесени во видеото дека „Рокфелер“ фондацијата ја испланирала ковид-пандемијата уште во 2010 година.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција