СДСМ: Училиштата во долгови, учениците смрзнати, градоначалниците на власта молчат

Училиштата во Карпош должат над 1 милион евра. Во Струга и Кичево нема пари за нафта и греење. Во селата во Велес родителите не ги пуштаат учениците на настава поради не хигиена. Во Битола имаше проблеми со превозот на ученици.

Учениците мрзнат во ладни училници, принудени се да одат пешки по неколку километри. Немаат основни услови за нормален образовен процес, велат од СДСМ.

Еве ги причините:

1. Блок дотациите за општините се исти иако во меѓувреме цените на нафтата и струјата се зголемија неколку пати;

2. Иако бројот на ученици во основните и средните училишта од 2007 до 2013 е намален за над 32 илјади, сепак бројот на наставници е зголемен за 3 илјади.

3. Општините треба да исплаќаат отпремнини за пензија, за систематски прегледи на наставниците, дератизација, дезинфекција, за превоз на наставници до училиштата каде нема јавен транспорт.

uchilishta
СДСМ | Датум: 10.11.2014

Образожение:

Во анализата на 24 вести се вели:

Средставата кои на име блок-дотации ги добиваат од министерството за образование и наука не се доволни за да се подмират режиските трошоци.

Дел од општините ќе кратат од други проекти за да ги подмират сметките.

Реакција на општина Карпош:

Дека нема доволно пари на општинските сметки реагираат и од општина  Карпош. Блок- дотациите според нив покриваат само 20 отсто од трошоците на училиштата.

Стевчо Јакимовски, градоначалник на општина Карпош:

Општината добива 120.000 денари дотации од државата за секое училиште, но само сметките за парно поединечно изнесуваат до 800.000 денари.

Исмаил Јаоски, сопственик на „Пуцко петрол“ изјави:

Секаде се соочуваме со истиот проблем. Кичево, Прилеп, Струга, Тетово, Гостивар. Немаме друга опција освен да ги блокираме сметките, бидејќи долговите кон нашата компанија се повеќе растат. Претпоставуваме дека тоа е затоа што дотациите од министерството се многу мали, а цените се покачуваат секој ден

Весникот Вечер објави:

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вчера одлучи од први јули годинава, па во следниот едногодишен период, граѓаните да плаќаат повисока цена на електричната енергија за 3,47 %.Од овој колач 1,52% ќе одат за ЕЛЕМ, 0,66 за МЕПСО и 1,29% за ЕВН-Македонија. Така, граѓаните кои имаат еднотарифно броило киловат-час електрична енергија ќе ги чини 4,48 денари, а кај двотарифните броила скапата струја ќе се наплатува по 5,59 денари за киловат-час, а евтината 2,8 денари.

Според Курир:

Во редовните основни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2011/2012 година изнесува 197.859 што претставува намалување за  2 проценти во однос на претходната учебна година.

Во средните училишта, пак, статистиката евидентира 91.167 ученици или за 1,8 проценти помалку во однос на претходната учебна година.

Според Нетпрес:

Намален е бројот на ученици во основите и средните училишта на почетокот на учебната 2013/2014 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на учениците во редовните основни училишта во истиот период изнесува 191.051 што е намалување за 2,2 отсто однос на претходната учебна година.

Бројот, пак, на ученици во редовните средни училишта на почетокот на оваа учебна година е 86.418, што е намалување за 3,9 отсто во однос на претходната година.

24 вести:

Вкупниот број на наставници во учебната 2002/2003 бил  13.590 а за десет години нивниот број се зголемил на  17.193.

Министерство за образование:

Зголемениот број на наставници е оправдан поради отворањето на нови училишта во руралните средини.

Директорот на средното општинско училиште „Перо Наков“ од Куманово вели:

Па, мислам дека од оваа година има застој. На релацијата локална самоуправа и училиштето мислам дека треба да се планира за да нашите пензионирани колеги добијат опремнина

При проверката на изјавите од градоначалници, министерство за образование, изјави на сопственици на компании кои се задолжени за греење на училиштата, анализи на Државниот завод за статистика и написи во медиумите може да се заклучи дека изјавата на Дејан Павлески, претседател на комисијата за локална самоуправа на СДСМ во сите три точки е вистинита.

Оценил Владо Ѓорчев

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција