Се градат нови кружни текови во Кавадарци
Нови два кружни текови кои ќе го намалат сообраќајниот метеж.
[Извор: Прес 24 (Ветени проекти Митко Јанчев за локалните избори 2017 во Кавадарци, датум: октомври 2017]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за изградба на два кружни тека, дадено во кампањата за локалните избори (октомври 2017 година), е исполнето. Нивната изградба Јанчев ја вети на прес-конференција во Кавадарци претставувајќи ги проектите од својата изборна програма, со која како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја бараше довербата за градоначалничката функција во Општината.
Минатото лето (јуни 2018 година) во Кавадарци беше изграден нов кружен тек на спојот на улицата „Блажо Алексов“ со булеварот „Видое Смилевски“, кај мостот „Белка“. Информации и фотографии за ова ново сообраќајно решение на влезот на Кавадарци од правец на Неготино може да се најдат на веб-страницата на Општината. А, исто така, за изградбата на споменатиот кружен тек известија и повеќе медиуми.
Во март оваа година (2019) започна изградбата на кружниот тек кај ВВ „Тиквеш“, ова сообраќајно решение се наоѓа на раскрсницата на улиците „Западен булевар“ со ул. 8 „Септември“ и зафаќа површина од 3000 м2. Асфалтирањето со завршен фин слој на целата површина беше направено во август. Тогаш беше соопштено дека е завршена комплетната сообраќајна и комунална инфраструктура и дека во наредната фаза ќе се реализираат деловите од проектот кои се однесуваат на јавното улично осветлување, како и на хортикултурното уредување.
Информација и фотографии за овој кружен тек се објавени на веб-страницата на Општината и во дел од медиумите.
ИЗВОРИ:
- Прес 24 ( 01.10.2017): Јанчев: Нудиме иновативни проекти и трајни решенија за клучните проблеми на кавадарчани [Пристапено на 15.10.2019]
- Веб-страница на Општина Кавадарци (06.2018): Нов кружен тек [Пристапено на 15.10.2019]
- Тајм.мк ( 02.06.2018): Кавадарци добива нов кружен тек [Пристапено на 15.10.2019]
- Веб-страница на Општина Кавадарци: Турбо кружен тек кај ВВ „Тиквеш“ [Пристапено на 15.10.2019]
- Вечер (24.09.2019): Се поплочува тротоарот на улицата „Западен Булевар“[Пристапено на 15.10.2019]
- Курир (23.09.2019): Општина Кавадарци со нов кружен тек [Пристапено на 15.10.2019]
- Вечер (24.09.2019): Се поплочува тротоарот на улицата „Западен Булевар“ [Пристапено на 15.10.2019]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар