Се најавуваат подготвителни активности за изградба на градинката во Теарце

Фото: Општина Теарце

Ветување: Изградба на детска градинка во Општина Теарце.

[Извор: Изборна програма на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за локалните избори 2017 , датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за изградба на регионална детска градинка, дадено во неговата програма „За општината што ја сакаме” (стр. 4), e во тек на реализација. Градоначалникот Асани неодамна најави дека наскоро ќе стартуваат подготвителните активности за изградба на градинката во Теарце.

Тој на својот Фејсбук профил објави фотографии како ќе изгледа градинката, пришто соопшти дека проектот веќе ги поминал сите фази и наскоро ќе почнат подготовки за изградба на објектот:

Драги пријатели, во овие тешки времиња низ кои минува човештвото, кога примаме лоши вести од светот, би сакал да донесам добри вести за жителите на Општина Теарце и особено за родителите и децата кои веќе се изолирани во нивните домови и од каде што  го следат наставниот процес преку Интернет!

Со Господ напред, откако ќе го помине овој период на пандемија, Општина Теарце ќе започне со подготовките за почеток на изградба на градинката со капацитет за 200 деца, проектот веќе ги помина сите фази и истиот ќе изгледа како на следните фотографии!

Нашата заложба да создадеме подобри услови за жителите на Општина Теарце нема да застане тука!

Инаку, ветувањето за изградба на градинка во Општина Теарце не е ново, Асани истото го вети и за локалните избори во 2013 година (во изборната програма  „Заедно градиме” ) и не го исполни во претходниот мандат.

 

ИЗВОРИ:

Оцени: Дрилон Салиу

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција