Се обновува детското игралиште на улица „Гоце Делчев“ во Гевгелија
Ветување: Да го уредиме и одржуваме игралиштето кај улица „Гоце Делчев“
[Извор: Изборна програма на Сашо Поцков за локални избори 2017 година, „Живот во Гевгелија за сите“ (стр. 35), датум: октомври 2017]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето на градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков за уредување на детското игралиште ка улицата „Гоце Делчев“ во Гевгелија, досега е делумно исполнето. Ова негово ветување е дадено во изборната програма: „Живот во Гевгелија за сите“ , во делот „Месни проекти“ (стр. 35), со која тој излезе на локалните избори (15.10.2017 г.) како кандидат на СДСМ за челната градска функција.
Споменатото игралиште е во фаза на реконструкција и информации за тоа може да се најдат на веб-страницата на Општината, во дел од медиумите и на официјалниот Фејсбук профил на градоначалникот на Гевгелија. Во врска со ова игралиште Поцков на почетокот на март (2020) на Фејсбук напиша:
Веќе трет ден откако започна реконструкцијата на игралиштето на улица „Гоце Делчев“- Гевгелија, а продолжуваат активностите за доопремување на ова игралиште со урбана опрема. Ваквите акции ќе продолжат и на другите детски игралишта во и вон Гевгелија, со цел децата да ги користат за игра, спорт и рекреација.
За тоа до каде е обновувањето на игралиштето побаравме одговор од Општината и според информациите кои ги добивме, тоа е цементирано, а во наредниот период откако ќе се стабилизира состојбата со коронавирусот, ќе биде поставена и урбана опрема.
По новонастанатата ситуација со коронавирусот, доопремувањето на игралиштето е стопирано поради тоа што сите детски игралишта и паркови во Гевгелија се затворени, а истото ќе се доопреми по создадените услови за работа.
Засега, игралиштето е цементирано, а истото ќе се доопреми и уреди со урбана опрема, за која веќе има спроведено тендерска постапка и е склучен договор за набавка на потребната опрема за детските игралишта, велат од Општина Гевгелија.
Инаку, обновувањето на ова игралише се прави во рамките на акцијата за реконструкција на детските игралишта во Гевгелија.
Па со оглед на тоа што досега (23.04.2020), се направени конкретни активности за реализација на проектот – игралиштето е цементирано и останува да се уреди со урбана опрема, ветувањето според методологијата на „Вистиномер“ го сметаме за делумно исполнето.
ИЗВОРИ:
- Предизборна програма на Сашо Поцков за локалните избори 2017 година, „Живот во Гевгелија за сите“ (стр. 35) [Пристапено на 23.04.2020]
- Веб-страница на Општина Гевгелија (06.03.2020): Aкција за обнова на детските игралишта [Пристапено на 23.04.2020]
- Официјален Фејсбук профил на градоначалникот Сашо Поцков [Пристапено на 23.04.2020]
- Утрински весник.мк (06.03.2020): Во гевгелиско се обновуваат детските игралишта [Пристапено на 15.04.2020]
- [Пристапено на 23.04.2020]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар