Се поставува ново улично светло во Куклиш

Село Куклиш, струмичко Фото: strumica.gov.mk

ВЕТУВАЊЕ:  Да го подобриме уличното осветлување во селото  (Куклиш)  со нови сијалични места

[Извор: Изборна програма на Коста Јаневски за локалните избори 2017-2021 – „Живот во Струмица за сите“ (стр.47)датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

За локалните избори (октомври 2017 година) градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, меѓу другото, вети дека во селото Куклиш ќе се подобри осветлувањето со нови слијачини места. Реализацијата на ова негово изборно ветување дадено во програмата „Живот во Струмица за сите“ во делот „МЕСНИ ПРОЕКТИ – с.Куклиш“, (стр.47), е во тек.

Деновиве ( 20 април 2018 година), медиумите информираа  дека јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ работи на подобрување на уличното осветлување во населеното место Куклиш. Во  веста се соопштува дека:

Овој зафат се реализира на патот кој што поминува низ селото и тоа со поставување на нови арматури на веќе постоечки столбови, а на тие што нема се поставуваат  арматури за осветлување. Осветлувањето на овој потег ќе биде подобрено со 18 сијалични места.

Информација и фотографии  дека се во тек активности за подобрување на осветлувањето во селото Куклиш  може да се најдат и на веб-страницата на Општина Струмица.

За тоа дека се поставуваат нови улични светилки во с.Куклиш потврди и градоначалникот на Струмица, Јаневски во неодамнешното интервју за „Вистномер“, објавено на 24.04.2018 година.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција