Се повторува лагата дека боксерката Имане Келиф од Алжир е маж

Фото: Принтскрин видео

Келиф не е трансродово лице и не се идентификува како интерсексуалец, спротивно на она што многумина го тврдеа за неа на социјалните мрежи. Келиф отсекогаш се натпреварувала во женска категорија и е признаена од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) како жена спортистка

Келиф не е трансродово лице и не се идентификува како интерсексуалец, спротивно на она што многумина го тврдеа за неа на социјалните мрежи. Келиф отсекогаш се натпреварувала во женска категорија и е признаена од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) како жена спортистка

 

 

Објава на социјалната мрежа Тредс тврди дека алжирската боксерка Имане Келиф, која освои златен медал на Олимпијадата, е маж, а не жена.

Значи не е алжирка туку алжирец…пошо наметнувате идеологија ваљда ви е ок утре ќерките мужи да ви ги шљакаат, се доека по пропаганда ги поддржувате овие работи од бес на болеста ќе и нема крај. Има нешто што се вика наука и биологија па макар и сурла на чело да си стаат со операција…, стои во објавата.

Натпреварувачката во бокс на Олимписките игри Имане Келиф од Алжир, не е биолошки маж. Имане Келиф е родена како жена, е жена и останува да биде жена. Промена на полот во Алжир е забранета.

Келиф е една од двете спортистки коишто се натпреваруваат во женски бокс во Париз, и покрај тоа што Меѓународната боксерка асоцијација (МБА) ги дисквалификуваше на минатогодишниот светски женски шампионат, поради тоа што не успеале да ги исполнат критериумите, пишува Би Би Си.

МБА изјави дека, пред светските првенства во 2023 година, Келиф била подложена на тест (чија природа е доверлива, но МБА изјавила дека не станува збор за испитување на тестостерон). Претседателот на МБА подоцна изјавил за руската новинска агенција Тас дека нејзината дисквалификација е затоа што „се докажало дека има XY хромозоми“. (Нема докази дека Келиф има XY хромозоми). Портпаролот на ИОК, Марк Адамс, им рече на новинарите дека комитетот не може да ги потврди резултатите од тестот на МБА и дека „ова не е трансродово прашање“. (Двете организации повеќе не работат заедно.) , пренесува Atlantic Council.

Келиф отсекогаш се натпреварувала во женска категорија и е признаена од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) како жена спортистка.

Боксерката од Алжир е родена како жена, регистрирана е како  жена, го живее својот  живот како жена, боксува како жена, има пасош на жена, изјави портпаролот на Интернационалниот олимписки комитет Марк Адамс.

Келиф, како што пишуваат проверувачите на факти на Ју Ес Еј Тудеј, се натпреварувала во 2021 година во Токио, но не освоила медал.

Келиф е жена, која не е трансродова, ниту, пак, се идентификува како интерсекс. Некои медиуми шпекулираа дека таа има разлики во развојот, односно состојба наречена DSD, што не е исто со тоа да се биде трансродово лице. DSD (Differences in sex development ) е сет на ретки состојби, кои вклучуваат гени, хормони и репродуктивни органи кои може да предизвикаат сексуалниот развој на личноста да е различен отколку кај другите. Понекогаш ова може да води кон тоа лицата да имаат XY хромозоми, но да се развијат како жена, пишуваат проверувачите на факти на Ју Ес Еј Тудеј.

Но, нема потврда дека Келиф има ДСД или каква било медицинска состојба поврзана со сексуални особини.

Келиф не е трансродова и не се идентификува како интерсексуалец, спротивно на она што многумина го тврдеа за неа на социјалните мрежи, анализира Atlantic Council..

Наспроти критиките по нејзината дисквалификација минатата година, Келиф одговори:

Да се ​​каже дека имам квалитети и способности кои не ме квалификуваат да се натпреварувам со жени е нелогично. Јас не се создадов себеси. Ова е Божјо создание.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека боксерката Имане Келиф не е биолошки маж. Таа е жена, наспроти тврдењето во објавата. Поради тоа истата ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција