Се прошири лажно лого за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“
Официјалното лого на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ останува во употреба и е изработено уште во 2022 година од авторот Ермал Круезиу.
Официјалното лого на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ останува во употреба и е изработено уште во 2022 година од авторот Ермал Круезиу
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија и пишува:
.оф, леле, да прснеш од смеење. .. победничкото лого за „скопје – град на културата 2028“! #facepalm
Во првиот коментар од објавата е фотографијата од наводното лого, но таа фотографија не го претставува победничкото лого за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Станува збор за монтажа која е најверојатно „инспирирана“ од логото за „Пловдив 2019 – европски град на културата“.
Тогаш, во Бугарија се објавија „варијации“ на логото за Пловдив 2019 – европски град на културата, кои беа претставени како различни предмети. Тие се саркастични и ги придружуваат саркастични објаснувања, а авторот е анонимен.
Една таква варијација во 2026 година на социјалните мрежи вклучително и во објавата што ја рецензираме беше преработена како да е наводно за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Но, станува збор за невистина, логото воопшто не е избрано ниту креирано за таква намена.
На официјалната страница за Скопје 2028 – европски град на културата, не може да се најде такво лого.
Официјалното лого на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ останува во употреба и може да го погледнете на следниот линк.
Во однос на логоата кои деновиве се појавија на социјалните мрежи и предизвикаа внимание во јавноста, сакаме да ве информираме дека официјалното лого на „Скопје 2028“ останува во употреба. Автор на официјалното лого е Ermal Kryeziu, а истото е изработено во 2022 година. Ја поздравуваме креативноста, различните идеи и интересот на јавноста за „Скопје 2028“. Токму тоа е духот што сакаме да го негуваме – Скопје како простор за идеи, визии, дијалог и современ креативен израз. Но, уште повеќе охрабруваме секоја добра идеја да не остане само коментар на социјалните мрежи. Следете ги нашите идни јавни повици и конкурси, пријавете се и покажете ја вашата визија за Скопје – Европска престолнина на културата 2028. Со љубов, Тимот на Скопје 2028, пишува во објавата на тимот на социјалната мрежа Фејсбук.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар