Се реконструира градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе

Фото: karpos.gov.mk - принтскрин колаж

ВЕТУВАЊЕ: Реконструкција и надградба на градинката „Мајски цвет“, во Тафталиџе 1

Предвидуваме реконструкција и надградба на градинката „Мајски цвет“, во Тафталиџе 1. Целта е конечно да создадеме достоинствени и современи услови за нашите најмлади. Градинката ќе биде изработена од енергетско-ефикасни материјали. Во градинката се предвидуваат и простории за слободни активности на децата, за спорт, работилници по странски јазик, приредби

[Извор: Изборна програма на Стефан Богоев за локалните избори 2017 – „Живот во Карпош за сите“ (стр.14) , датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на  градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев,  за рконструкција на градинката „Мајски цвет“, во Тафталиџе 1, е „во тек“ на реализација. Ова ветување е дел од неговата изборната програма , „Живот во Карпош за сите!“  (стр.14) , со која како кандидат на СДСМ на локалните избори (октомври 2017 г.) ја бараше довербата за градоначалничката функција во Општината.

Рконструкција на градинката „Мајски цвет“, во Тафталиџе 1 започна  во текот на овој месец со санација на тоалетите, дел од санитарната опрема и инсталациите.  Станува збор за еден од најстарите објекти на градинки во Карпош (изграден во 1965 година) и за неговото обновување се издвоени пет милиони денари од Буџетот на Општината за 2020 година.

Според планираното, по санацијата на тоалетите, ќе се заменат сите прозорци и врати на објектот, со што се очекува да се зголеми енергетската ефикасност на градинката и да се намалат трошоците за загревање. Во следната фаза се предвидува целосно да се обнови кровната површина, подот и фасадата.

Иако локалната самоуправа, извесен период е во потешка финансиска состојба, сепак се одлучивме на фазна реконструкција на оваа предучилишна установа, имајќи ги предвид лошите услови на објектот. За време на овие активности,  дечињата, ќе бидат сместени во другите објекти на „Мајски цвет“, иако моментално не посетуваат градинка, како резултат на пандемијата со ковид-19 – велат од Општината.

Информација и фотографии за почетокот на реконструкција на градинката  се објавени на  веб-страницата на Општината и во повеќе медиуми.

 

ИЗВОРИ:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција