Се реконструира основното училиште „Лирија” во Чаир

Фото: Општина Чаир

 

Ветување: Реконструкција на основното училиште „Лирија” (буџет: 16,193,510,00 денари)

[Извор:Предизборна програма на градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу; Датум: октомври 2017]

OБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу,  во предизборната програма со која излезе на локалните избори (октомври 2017г.),  „Договор”, стр. 38, вети реконструкција на основаното училиште „Лирија”. Ова ветување на градоначалникот  Ганиу е „во тек“.

На 18 јули оваа година (2019), од Општина Чаир беше соопштено дека градоначалникот извршил увид како се одвива реновирањето на училиштето „Лирија”:

Општина Чаир го искористи летниот одмор на учениците за реновирање на основните училишта. Ганиу врши надзор над реновирањето на О.У. „Лирија“

Периодот на летниот одмор го користиме  максимум за реконструкција на нашите основни училишта за во новата учебна година, училиштата да ги пречекаат нивните ученици во подобрени услови за следење на едукативно – образовниот процес.

Заедно со директорот Талат Садику, направивме надзор над работниот процес кој се одвива во Основното Училиште „Лирија“  каде вршиме реновирање на спортската сала, кречење на училиштето, реновирање на подот на влезот на училиштето, замена на оштетените врати и поставување на ново осветлување.

На 17 септември основаното училиште го посетија градоначалникот Ганиу и министерот за Образование и Наука, Арбер Адеми:

По овој повод во соопштението на Општина Чаир се вели:

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и министерот за Образование и Наука Арбер Адеми продолжуваат со координација и соработка за подобрување на инфраструктурата на основните училишта во Општина Чаир. Овој пат во партнерство со донаторот Ефтинија Импекс, се реализираше реновирање на просториите на Основното Училиште “Лирија“.

Ганиу и Адеми им се заблагодарија на поранешниот директор г-дин Талат Садику и на новата директорка г-ѓа Теута Идризи за нивниот ангажман за реализација на квалитетен образовен процес и на целото раководство на училиштето им посакаа успешна работа и целосна поддршка во следните предизвици.

Според информациите од Општина Чаир во целокупниот проект се преземени овие активности:

  • Реновирање на спортската сала за Физичко и Здравствено oбразование – 420 М2 (реновирање на паркетот, кречење, регулирање на осветлувањето, промена на влезните врати и на вратите кај соблекувалните);
  • Реновирање на подот во коридорите на првиот и вториот спрат – површина од 300 М2;
  • Промена на влезните врати на училиштето и вратите во коридорите на двата спрата;
  • Промена на вратите на училниците во првиот спрат – вкупно 26 врати;
  • Кречење на sидовите во коридорите на првиот и вториот спрат;
  • Целосно реновирање на две училници (под, кречење и изолација);
  • Регулирање на осветлувањето на училиштето.

Додека сè уште во процес на работа сe:

  • Целосното реновирање на тоалетите;
  • Регулирање на оградата на училиштето;
  • Уредување на фасадата.

Според овие информации, ветувањето на градоначалникот на Чаир, Ганиу, за реконструкција на основното училиштето „Лирија”, го оценуваме „во тек“.

ИЗВОРИ:

Оцени: Дрилон Салиу

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција