Сè уште не е почната изградбата на современ градски пазар во Берово

Доцни изградбата на градскиот пазар во Берово, Фото: Принтскрин

Проект: Изградба на современ градски пазар.

Пазарот ќе биде сместен на локација на постојниот пазар и ќе биде најголемиот комерцијален објект во Берово. Објектот во кој ќе биде сместен градскиот пазар ќе биде современо архитектонско решение, а во него ќе бидат сместени повеќе продажни објекти во кои ќе се нудат разновидни производи. Овој проект се планира да се реализира со искористување на фондовите на ИПА. (Рок: септември 2016 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот Изградба на современ градски пазар”, e најавен во Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Берово (во делот Локален економски развој, страна 17), за локалните избори во 2013 од страна на кандидатот и сегашен градоначалник Драги Наџински. Проектот е издвоен во листата на приоритетни проекти со рок на реализација до септември 2016 година, но досега (23.06.2016) нема никакви градежни активности за негова реализација, па ова ветување  го сметаме за неисполнето.

Проектот за изградба на современе градски пазар, градоначалникот Наџински  го најавуваше во текот на предизборната кампања, во февруари 2013 година. Но, една година по добиениот мандат, во Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Берово – Драги Наџински во првите 365 дена од мандатот , не се споменуваат активности за реализација на овој проект.

На 12.02.2015 година, Советот на оппштина Берово донесе одлука со кој проектот за изградба на градски пазар се утврдува како приоритетен за учество на јавен повик за доставување на барања за користење на средства од ЕУ – ИПА за рурална инфраструктура.

На 28.09.2015 општина Берово потпиша договор со Министерство за финансии во износ од 125.000 евра за подобрување на руралната инфраструктура за изградба на улицата „Даме Груев“ во Русиново и „Маршал Тито“, додека средствата за изградба на градскиот пазар би следеле по завршување на проектната документација.  Како што пренесуваат медиумите, средствата се обезбедени од фондот за рурални инвестиции  коj се администрира од Светска банка, со кофинансирање од ЕУ и Министерството за финансии.

На 31.03.2016 година Општина Берово информира дека проектот за изградба на градски пазар е одобрен и дека се покренуваат постапки за избор на изведувач со што градежните активности би започнале во летниот период од 2016 година.

Во архивата на јавни набавки на веб порталот на општина Берово нема објавен оглас за избор на изведувач. Електронскиот систем за јавни набавки во рамки на Бирото за јавни набавки исто така не дава информација за објавен оглас за избор на изведувач за градскиот пазар во Берово.

Имајќи предвид дека рокот за реализација на овој проект е септември 2016 година, а досега (23.06.2016)  нема инфомрација за започнати градежни активности за „изградба на современ градски пазар“, ветувањето  го оценуваме како неисполнето.

ЛИНКОВИ:

 

Оценето од: Mилена Јосифовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.