Сè уште не е започната изградба на нов клинички центар во Битола

bitola.gov.mk

Ќе започнеме со изградба на Клинички центар во Битола

[ИЗВОР: Предизборна програма на СДСМ „План за живот“, стр. 253 , датум: декември 2016]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во предизборието за предвремените парламентарни избори кои се одржаа во декември 2016 година, СДСМ вети дека во првите две години по доаѓањето на власт ќе започне изградбата на клинички центар во Битола. Ова ветување на социјалдемократите досега (07.06.2019), не е исполнето.

Споменатото изборно ветување  на СДСМ е дадено  во нивната изборна програма: „План за живот во Македонија“  и го има на две места. Најнапред, „изградба на нов клинички центар“ се спомнува во поглавјето „Предлог приоритетни проекти за локален развој“ стр. 198, а потоа во рамките на „Планот 24м – итни реформски приоритети на новата Влада во првите 2 години“ (стр.251). 

Што значи, според изборните проекции наведени во програмата, новиот клинички центар во Битола требаше да почне да се гради најдоцна до крајот на минатиот месец, со оглед на тоа што Владата предводена од СДСМ беше избрана на 31 мај 2017 година. Сепак,  тоа досега не се случи.

Освен споменатите заложби,  нема информации за тоа дали се во тек некакви активности за изградба на ваков центар во Битола. Со пребарување на веб-страниците на Министерството за здравство  и на Владата не може да се најде ниту една вест на ова тема, а таква информација не може да се добие ни со детална проверка на интернет преку Гугл и македонските агрегатори на вести.

Па,  имајќи го предвид сето ова, како и фактот дека изградбата на клиничкиот центар во Битола, според плановите на  социјалдемократите требаше да започне до 31.05.2019, ветувањето го оценуваме како  неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција