Сè уште не е завршена конзервацијата на црквата „Св.Ѓорѓи“ во Струга

Конзервацијата на црквата се развлече и во 2016 година Фото: wikimapia.org

ПРОЕКТ: КОНЗЕРВАЦИЈА НА ЦРКВАТА „СВ. ЃОРЃИ“ ВО СТРУГА

Проектот опфаќа конзервација на живописот кој е од исклучителна важност, особено од иконографски аспект, и потекнува од 19 век. Носител: НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид (Буџет: 2.000.000 денари РОК: 2015 Година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот „Конзервација на Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга,  , е најавен во Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ 2014 -2018 година во делот Култура и уметност (стр.334),  со рок на имплементација 2015 година. Иако, проектираниот рок е изминат, со оглед на тоа што досега (17.08.2016) се направени конкретни чекори за неговата реализација, ова изборно ветување го сметаме за делумно исполнето.

Летото 2014 година медиумите информираа дека  конзервацијата на  фрескоживописот  на овој   значаен споменик на културата од 19 век, се одвива во неколку фази како дел од програмата на Министерството за култура за заштита на недвижното културно наследство.  Во август 2014 година беше соопштено дека е во тек втората фаза  на конзервацијата.

Активностите што ги спроведува надлежната установа Завод и музеј Охрид предвидуваат отстранување на нечистотиите, талозите и солите во северниот дел од црквата. Во рамките на подготвителните активности, минатата година беа реализирани истражувачки работи на фрескоживописот, што подразбираше анализа на малтерите и пигментите од обоениот слој од живописот.

Министерството за култура тогаш информираше дека  е изработена комплетна техничка документација со развиени шеми на живописот и приказ на детектираните оштетувања, како и дека е изработен е проект за конзервација на фрескоживописот кој е од исклучителна важност, особено од иконографски аспект. Исто така, беше најавено дека: „третата, завршна фаза од реализацијата на проектот е планирана за 2015 година, кога ќе се финализира конзервацијата на фрескоживописот, со што во целост ќе биде вратен првобитниот колорит и сјај на фрескоансамблот во црквата „Св. Ѓорги“ во Струга.“

Сепак, ваквите планови не се оставрија.

Во јуни 2015 година од Министерството за култура соопштија дека  во рамки на овој проект стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците од Охрид во изминатиот период извршиле истражувачки работи на фрескоживописот – беа отстранети наталожените нечистотии, а беше извршена и консолидација на испуканиот обоен слој. Во оваа информација уште се вели дека  „со конзервацијата на фрескоживописот во целост ќе биде  вратен првобитниот колорит и сјај на фрескоансамблот во црквата „Св. Ѓоргија“, но не се споменува кога  ќе финишира проектот.

Од Отчетот за реализација на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија” (стр.383),  се гледа дека реализацијата на проектот „Конзервација на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга “, се пролонгира за 2016 година:

Проектот опфаќа истражувачки работи на фрескоживо- писот кој потекнува од 19 век и негова конзервација заради неговата исклучителната важност, особено од иконографски аспект. Целосната реализација на овој проект е предвидена во 2016 година, со што во целост ќе биде вратен првобитниот колорит и сјај на фрескоансамблот во црквата „Св. Ѓорги“ во Струга.

Имајќи го предвид сето ова, изборното ветување на ВМРО-ДПМНЕ: „Конзервација на Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга,“ го оценуваме како делумно исполнето.

 

ЛИНКОВИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција