Сè уште нема закон за поништување на мерките од лустрацијата

Стратегијата за реформи во правосудниот сектор на Министерството за правда, т.е. на Владата на РМ предвидува, како една од целите на реформите, да се донесе и законска рамка со која ќе се поништат правните мерки и последици од процесот на лустрација во земјава, кој се спроведуваше повеќе години и кој е генерално оценет како неправичен, злоупотребен и штетен за правата на одредени поединци

 

Во Стратегијата за реформи во правосудниот сектор на Министерството за правда на РМ наведена е и следнава мерка која сè уште не е исполнета:

Воспоставување на законска рамка за поништување на мерките и правните последици од процесот на лустрација

(Рок – декември 2017 година)

[Извор: Стратегија за реформи во правосудниот сектор – Акциски планноември 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Стратегијата за реформи во правосудниот сектор на Министерството за правда, т.е. на Владата на РМ предвидува, како една од целите на реформите, да се донесе и законска рамка со која ќе се поништат правните мерки и последици од процесот на лустрација во земјава, кој се спроведуваше повеќе години и кој е генерално оценет како неправичен, злоупотребен и штетен за правата на одредени поединци.

Оваа мерка во малку поопшта форма е искажана и во предизборната програма на СДСМ од 2016 година, каде се ветуваше обештетеување на жртвите на монтирани судски случаи, што може да се доведе во корелација и со процесот на лустрација, зашто жалбените постапки на лустрираните се решаваа по судски пат. Исто така, вакво обештетување е ветено и во Програмата за работата на Владата 2017-2020 година.

Стратегијата за реформи е донесена заедно со Акциски план за спроведување на реформите. Во акцискиот план се наведува дека мерката за воспоставување законска рамка поврзана со поништување на мерките и последиците од процесот на лустрација ќе биде донесена во декември 2017 година.

По детална проверка на интернет може да се констатира дека мерката не е спроведена, т.е. нема донесено, ниту, пак, предложено такво законско решение.

Проверивме на сајтот на Владата на РМ, каде последните вести за лустрацијата сè уште од времето на екс-премиерт Никола Груевски. Исто така и проверката на сајтот на Собранието на РМ, во делот на документите, не дадоа резултати. Го пребаравме и сајтот на Владата, ЕНЕР, каде се поставуваат предложените законски решенија, исто така, без резултати.

И нашата телефонска проврка со релевантна невладина организациа која ги следи овие прашања потврди дека нема такво законско решение ниту во форма на предлог, а нема ни мерка за обештетување на жртвите од процесот на лустрација.

Според методологијата на Вистиномер, констатираме дека наведената мерка не е спроведена.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Тео Блажевски

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција