Сè уште се шират манипулации околу официјалните кодови на нашата земја

Фото: МВР на РСМ

Кодовите на нашата држава се MK и MKД и тие кодови се употребуваат секаде, па и во личните документи, и не се сменети. Единствениот исклучок се регистарските таблички на возилата каде што се користи кодот НМК, и тоа е транспарентно објавено со Договорот од Преспа и поради тоа не може да биде „против сите закони и правила“.

Кодовите на нашата држава се MK и MKД и тие кодови се употребуваат секаде, па и во личните документи, и не се сменети. Единствениот исклучок се регистарските таблички на возилата каде што се користи кодот НМК и тоа е транспарентно објавено со Договорот од Преспа и поради тоа не може да биде „против сите закони и правила“

 

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:

Нели кодот МК и МКД останаа, кажуваше дегенот Зајко. Зошто тогаш налепница со “NMK” врз кодот МК на автомобилските таблички? И наместо да го санкционирате Зајко и другарчињата му вие народот и натаму го зомбирате со антимакедонство? А на народот мозокот дотаму му е замаен па ни да бекне дека оваа тортура со налепниците е против сите закони и правила. НЕ СТАВАМ “N” на моја лична приватна сопственост – возило, и вие не можете да ме присилите ниту да ме казните.

На интернет просторот, особено на социјалните мрежи, сè уште се шират манипулации околу официјалните кодови на нашата земја и личните документи. Таков е случајот и со оваа објава која е доста вирална, а која тврди дека кодовите МК и МКД ни биле заменети со кратенката НМК и дека ознаката НМК на регистраските таблички била против сите закони и правила.

Ова не е точно.

Никој го нема сменето кодот и тој е утврден уште од самото потпишување на Договорот од Преспа, а тоа беше транспарентно објавено и оттогаш не е сменет ниту премолчено, ниту на било кој друг начин.

Во Договорот од Преспа утврдено е решавањето на разликата околу името како и незаокружените прашања поврзани со името каде што спаѓаат и кодовите за земјата. Па, така, во членот 1, секција Д, точно е утврдено кои се кодовите на државата и како тие се употребуваат.

д) Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна (се мисли Република Северна Македонија – н.з.) ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО).

Истиот договор, на англиски јазик е објавен и од грчкото МНР каде што е целосно истиот текст за кодот на земјата.

Ова значи дека кодот МКД не е заменет со кодот НМК како што се тврди во објавата. Кодот НМК ќе се користи исклучиво за регистарски таблички на автомобилите, а не и за личните документи. Ова го потврдија и од Министерството за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи информира дека во согласност со Договорот од Преспа, кодот НМК се употребува исклучиво за регистарските таблички на возилата. За сите други намени, кодот за земјата е МК и МКД, согласно Меѓународната организација за стандардизација (ИСО) и како таков стои во документите издадени од Република Северна Македонија, меѓу другото и во патни исправи, лични карти, возачки и сообраќајни дозволи.

Кодовите на нашата држава се MK и MKД и тие кодови се употребуваат секаде, па и во личните документи и не се сменети.

Единствениот исклучок се регистарските таблички на возилата каде што се користи кодот НМК и тоа е транспарентно објавено со Договорот од Преспа и поради тоа не може да биде „против сите закони и правила“.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја анализираме, ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција