Се врати теоријата на заговор дека Билдерберг групата заговара „депопулација“

Состанокот на Билдерберг групата, основана 1954 година во Холандија, е форум за неформална дискусија за глобални проблеми. Од него не произлегува некоја светска политика, практика или идна акција, туку само служи за да се негува дијалог и да се дискутира, така што не може преку него да се „контролира населението“.  Дополнително, депопулацијата се спомнува во сосема друг контекст, не е во смисла на тоа дека некој таргетирано ќе го намалува бројот на луѓе што живеат на планетата Земја, туку се посочува дека некои држави доживуваат намалување на населението

 

Состанокот на Билдерберг групата, основана 1954 година во Холандија, е форум за неформална дискусија за глобални проблеми. Од него не произлегува некоја светска политика, практика или идна акција, туку само служи за да се негува дијалог и да се дискутира, така што не може преку него да се „контролира населението“. Дополнително, депопулацијата се спомнува во сосема друг контекст, не е во смисла на тоа дека некој таргетирано ќе го намалува бројот на луѓе што живеат на планетата Земја, туку се посочува дека некои држави доживуваат намалување на населението 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

ТАЕН САМИТ НА ЕЛИТАТА ВО ШВЕДСКА: „ДЕПОПУЛАЦИЈАТА“ БЕШЕ НА ДНЕВНИОТ РЕД.

Додека светот гледа одвлекување на вниманието, Билдерберг Групата 2025 се состана зад затворени врати во Стокхолм.

Меѓу присутните беа: Ген.Секретар на Нато Марк Руте, Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, Сатја Надела од Мајкрософт, Раководството на СЕФ, Извршни директори на Нестле, Воени команданти и шефови на разузнавачки служби. ТИЕ НЕ БЕА ТАМУ ДА ЗБОРУВААТ ЗА ВРЕМЕНСКАТА ПРОГНОЗА. ТИЕ РАЗГОВАРАА ЗА „ДЕПОПУЛАЦИЈАТА“.

ШТО ЗНАЧИ ОВА:

! Не е дозволено соопштение за медиумите. Нема записи. Целосна тајност.

! „Депoпулација и миграција“ беше наведено на официјалната агенда.

Глобалистите, корпорациите и медиумските елити седеа заедно – неофицијално. Не за да известуваат, не за да прашуваат,туку за да учествуваат.

Истите луѓе што ги промовираат вакцините, вештачката интелигенција и „еднаквоста“ сега шепотат за контрола на населението.  ОВА НЕ Е ТЕОРИЈА НА ЗАВЕРА.

 ОВА Е КОНФЕРЕНЦИЈА.

(12-15 јуни 2025).

Станува збор за овогодишниот состанок на Билдерберг групата, oснована во 1954 година во Холандија за да промовира дијалог меѓу Европа и САД. На настанот не се покануваат медиуми и делегатите што присуствуваат ретко зборуваат за тоа што се дискутирало, што предизвикува бројни теории на заговор за нивите цели, пишува „Ројтерс“.

Истото е наведено и на страницата на „Билдерберг“ во делот за прашања и одговори.

Состаноците на Билдерберг често се цел на антиглобалистички протести и различни теории на заговор со чудни – необични тврдења за целта на состаноците. Иако овие тврдења немаат никаква основаност, за жал гледаме дека многу од нив продолжуваат да опстојуваат онлајн и во групи на социјалните мрежи, пишува на сајтот на Билдерберг.

За причините зошто на состаноците нема медиумска покриеност, се наведува дека овие состаноци не бараат јавно внимание, но годишна прес-конференција се одржувала пред состанокот сè до 90-тите години,  ама престанала да се одржува поради немање интерес од медиумите. Меѓутоа, листата на учесници, главните теми и локацијата секогаш се целосно објавувани неколку денови пред состанокот.

„Вистиномер“ ја пронајде официјалната агенда за настанот во Стокхолм, Шведска одржан годинава и во неа последната точка на дневен ред е „депопулација и миграција“, а не само „депопулација“, како што невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме. Депопулацијата не е во смисла на тоа дека некој таргетирано ќе го намалува бројот на луѓе што живеат на планетата Земја, туку во смисла на тоа дека некои држави доживуваат намалување на населението. Тоа што оваа тема е на дневниот ред не значи дека учесниците на форумот ќе се заложат за депопулација. Другите теми што се наведени во агендата се трансатлантски односи, Украина, американска економија, Европа, Блискиот Исток, одбрана иновација и отпорност, вештачка интелигенција и национална безбедност, геополитика на енергијата и критичните минерали. Темите, како што може да се види се опширни, неспецифицирани подробно и детално, може да вклучуваат опширни дискусии и не вклучуваат „план за депопулација“ односно намалување на популацијата на Земјата.

Состанокот е затворен за медиуми и учесниците ретко зборуваат за тоа што е точно дискутирано внатре, но од самата агенда точката „депопулација и миграција“ може да се однесува и на намалување на бројот на жители во одредено подрачје, нивно преселување на друго место, што ѝ дава на оваа тема сосема поинаков контекст.

Билдерберг состанокот е форум за неформална дискусија за глобални проблеми. Таму не се планира депопулација. Учесниците слободно може да ги користат добиените информации, но не смеат да го откријат идентитетот ниту поврзаноста на говорникот со организацијата.

Не е точно наведеното во објавата што ја рецензираме дека „луѓето што биле на состанокот шепотеле за контрола на населението“. На самата страница на Билдерберг е наведена основната цел – да се негува дискусија и дијалог.

На крајот на состанокот нема заклучоци, нема резолуција или гласање и состанокот не поддржува какво било гледиште или политичка партија, се наведува во делот за прашања и одговори.

Состанокот е неформален. Од него не произлегува некоја светска политика, практика или идна акција, туку само служи за да се негува дијалог и да се дискутира и оттаму не може преку него да се „контролира населението“. Организаторите велат дека тајноста е за да им се дозволи на учесниците да зборуваат слободно во атмосфера на доверба.

Но, самото тоа што состанокот не произведува никакво правно дејство, резолуција, заклучоци, потпишан обврзувачки документ, покажува дека тој е на ниво на разговор, а не на ниво на „контрола“ и светска доминација, ниту пак, дека тоа што ќе го кажат говорниците на тема „депопулација и миграција“ значи дека тие ќе преземаат мерки и активности за депопулација или миграција.

Теоријата на заговор дека Билдерберг заговара депопулација циркулираат барем од 2011 година кога, како што извести Би-Би-Си, се тврдело дека тие планирале да убијат 80 проценти од светското насление.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција