Се злоупотребува логото на Државна лотарија за промоција на измамнички апликации за игри на среќа

Страницата која ја промовира оваа измамничка апликација, Онлајн лотарија (Skopje) нема никаква врска со официјалната Фејсбук страница на Државна лотарија на Македонија. Оваа страница има само 99 следбеници и има само една објава.

Страницата која ја промовира оваа измамничка апликација, Онлајн лотарија (Skopje) нема никаква врска со официјалната Фејсбук страница на Државна лотарија на Македонија. Оваа страница има само 99 следбеници и има само една објава. Во делот за информации на страницата, таа не содржи никакви податоци освен адреса, ул. Кеј Димитар Влахов б.б. Скопје и телефонски број кој е непостоечки (071 123 – 456)

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која го злоупотребува логото на Државна лотарија на Македонија за да промовира нелегални апликации за игри на среќа. Слична објава има и тука.

На видеото што го споделува Фејсбук страницата Онлајн лотарија (Skopje) може да се види презентарката на Државна лотарија, Марјана Станојковска, која наводно го промовира новиот бренд на Лотарија, НВ Казино. Станува збор за апликација којашто треба да ја инсталирате на вашиот мобилен телефон за да играте, како што е посочено, за многу поволни добивки и бонуси.

Видеото е креирано со помош на вештачка интелигенција во кое е вметнат гласот на водителката, според некои зборови (на пример, добити – се мисли на добивки), може да се забележи дека е правено со помош на интернет алатки.

Страницата која ја промовира оваа апликација, Онлајн лотарија (Skopje) нема никаква врска со официјалната Фејсбук страница на Државна лотарија на Македонија. Оваа страница има само 99 следбеници и има само една објава. Во делот за информации на страницата, таа не содржи никакви податоци освен адреса, ул. Кеј Димитар Влахов б.б. Скопје и телефонски број кој е непостоечки (071 123 – 456).

Страницата содржи и линк до веб-страница која исто така е непостоечка.

За разлика од оваа измамничка Фејсбук страница, официјалната Фејсбук страница на Државна лотарија има 70 илјади следбеници, има релевантни податоци како адреса и контакт и има многу објави, меѓу кои не најдовме објава за новиот бренд што се промовира во измамничката објава за НВ Казино.

Државна лотарија на Македонија неодамна, преку соопштение испратено до медиумите, реагираше на ваквите измамнички објави.

Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при изборот на интернет платформи и да учествуваат исклучиво преку официјалните канали на Државна лотарија, со цел да се заштитат од можни злоупотреби. Односно, да учествуваат во игри на среќа, кои се транспарентни, регулирани и одговорно приредени. Државна лотарија, како единствено овластено друштво за приредување игри на среќа во Република Северна Македонија, ја информира јавноста дека исклучиво таа има законско право да приредува лотариски, инстант лотариски и интернет игри на среќа на територијата на државата. Секоја појава на трета страна, која неовластено користи визуелни елементи, лого или други обележја што претставуваат интелектуална сопственост на Државна лотарија, претставува нелегално користење и кршење на законските прописи, со што се доведува во заблуда јавноста и се нарушува довербата во легалниот систем за игри на среќа. Секогаш избирајте легално. Изберете Државна лотарија, изберете ја единствената легална платформа за интернет игри на среќа megawin.mk, беше посочено во реакцијата на Државна лотарија.

Поради сето погоре наведено, оценуваме дека изјавата што ја анализираме е невистинита.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција