Се знае кои институции стојат зад анализите на исправноста на водата во Гостивар

Сцена од кујна на гостиварско семејство Фото: Мета.мк

Tочно е тврдењето на СДСМ дека сè уште нема оригинален лабораториски сертификат, јавно достапна официјална табела со конкретните измерени вредности за параметрите од седумте мерни места, но од друга страна, не е сосема точно дека „граѓаните не видоа ниту една институција ниту одговорно лице што стои зад исправноста“ на водата за пиење во Гостивар

Tочно е тврдењето на СДСМ дека сè уште нема оригинален лабораториски сертификат, јавно достапна официјална табела со конкретните измерени вредности за параметрите од седумте мерни места, но од друга страна, не е сосема точно дека „граѓаните не видоа ниту една институција ниту одговорно лице што стои зад исправноста“ на водата за пиење во Гостивар

 

Опозициската партија СДСМ на прес-конференција на 17.08.2026 даде изјава за медиумите којашто може да се оцени како делумно вистината:

СДСМ со денови јавно бара владата на Мицкоски да објави официјален документ, анализа, резултат кој потврдува дека водата во Гостивар е безбедна за пиење.

Прашањето е зошто се крие официјален документ за водата во Гостивар?

Зошто не се објавува?

Бадијала се повиците на Мицкоски кога не се објавува и се крие од луѓето.

А знаеме криењето на резултати до каква катастрофа доведе.

Од почетокот на кризата со труењето во Гостивар – нема ниту едно стручно лице да излезе и да ги соопшти резултатите за водата.

Власта нема објавено ниту еден официјален документ за водата.

Граѓаните не видоа ниту една институција ниту одговорно лице што стои зад исправноста.

Мицкоски од екскурзија ја „пушти“ водата за пиење во Гостивар ама документ за исправност на водата сè уште нема.

Клековски, кој исто така беше на екскурзија, сè уште не се огласил, иако самиот најави дека првите резултати ќе ги има дури околу 20 август.

Наместо премиерот и министерот за здравство – полицаец држеше здравица и објаснувше колку е „вкусна“ водата во Гостивар.

Прво еден „полицаец“ Тошковски ја хиперхлорираше, потоа друг, Ангелов, ја пушти во употреба со здравица.

Тотална негрижа, срам, брука и неодговорност.

Кој тогаш шири паника? Оној што не сака или не може да покаже официјален документ.

Да работеа институциите како што треба и на јавноста да ѝ беа достапни документите, како и стручните и овластени лица, немаше да има нервоза ниту паника.

Така што, единствено паника создава Мицкоски и неговата криминална екипа, нестручна и неспособна.

Граѓаните на Гостивар кои 5 недели пиеја загадена вода, каде има над 5.000 заболени, не заслужуваат ваков однос.

Бидете барем еднаш одговорни и сериозни објавете документ:

Која институција направила анализа на водата и какви се резултатите?

Кој го потпишал извештајот и кој со својот потпис гарантира дека водата е безбедна?

За здравјето и животите на луѓето се работи.

[Извор: Прес-конференција на СДСМ – Датум: 17.08.2026]

Образложение:

Како што Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги извести жителите на Гостивар, од петок, 14.08.2026 година, водата може да се користи за пиење, бидејќи последните анализи од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и лабораторијата на скопски „Водовод“ биле задоволителни и врз нивна основа е дозволено пиење на водата.

По добиените задоволителни резултати од извршените лабораториски испитувања од страна на Институтот за јавно здравје и Лабораторијата при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, на примероците вода за пиење земени од седум мерни места во понеделник наутро и навечер, како и во вторник наутро, Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува жителите на Гостивар дека од денес, петок, 14.08.2026 година, водата може да се користи за пиење” – порача од денешната прес конференција на Кризниот штаб која се одржа во Гостивар, Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Оливер Миланов.

Водата беше микробиолошки исправна уште од крајот на минатата недела, истакна тој, но при извршените испитувања беше утврдено зголемено количество на резидуален хлор, над границите предвидени со Правилникот за барањата за квалитет на водата за пиење од 0,2 до 0,5 mg/l, се вели во соопштението на АХВ

Миланов потенцираше дека зголеменото ниво на резидуален хлор било резултат на спроведената дезинфекција на водата за пиење, како мерка за обезбедување на нејзината микробиолошка безбедност, но и дека станува збор за процес на дезинфекција на водата, а не за т.н. „хиперхлорирање“, како што беше пренесено во дел од медиумите. Затоа, според Миланов, било потребно да се преземат дополнителни мерки и да се почека со препораката за користење на водата за пиење сè додека и овој параметар не се врати во границите утврдени со Правилникот.

Во текот на целиот период, ЈКП „Комуналец“ – Гостивар континуирано го мереше нивото на резидуален хлор во водата и редовно го известуваше Кризниот штаб за измерените вредности и состојбата во водоснабдителниот систем. “На овој начин беше овозможено континуирано следење на нивото на резидуален хлор и навремено информирање на надлежните институции за преземените и потребните мерки. Истовремено, Центарот за јавно здравје – Тетово (ЦЈЗ Тетово) во континуитет продолжи со испитување на микробиолошките и физичко-хемиските параметри на водата, независно од примероците што за лабораториско испитување ги земаа ЈКП „Комуналец“ – Гостивар, Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство”рече Миланов од АХВ.

На прес-конфернцијата Миланов заклучи дека „Агенцијата за храна и ветеринарство, во рамки на своите надлежности, продолжи да ја следи состојбата и во координација со надлежните институции, ЈКП „Комуналец“ – Гостивар и Кризниот штаб да презема активности за контрола на безбедноста на водата за пиење, со цел заштита на здравјето на граѓаните“.

Во процесот на санирањето на микробиолошката исправност на гостиварската вода, три лаборатории земале примероци на секои 12 часа, а локалниот кризен штаб известувал дека резултатите од физичко-хемиските и микробиолошките параметри биле добри и дека се чекале последните резултати за да се донесе конечна одлука. За ова во јавноста говореше Зуди Џелили, координатор на Кризниот штаб во Гостивар.

Одлуката за исправноста на водата од гостиварскиот водовод е донесена врз основа на повеќекратни примероци од 7 мерни места и анализи од ИЈЗ и лабораторијата на скопски „Водовод“. Водата била микробиолошки исправна уште претходната недела, а последната пречка бил зголемениот резидуален хлор.

Но, јавноста преку достапните официјални веб-страници досега не ги видела конкретните бројки од последниот сет анализи за конкретните резултати од седумте мерни места. Тие анализи се однесуваат на следниве параметри: E. coli; колиформни бактерии; ентерококи; број на микроорганизми; амонијак; нитрити/нитрати; pH; електрична спроводливост; матност; резидуален хлор; трихалометани; останати испитани физичко-хемиски параметри.

Од сето ова заклучуваме оти е точно дека „СДСМ со денови јавно бара владата на Мицкоски да објави официјален документ, анализа, резултат кој потврдува дека водата во Гостивар е безбедна за пиење“, како и дека досега нема таков јавно достапен официјален документ за водата во Гостивар. Сепак, не точно е тврдењето дека „граѓаните не видоа ниту една институција ниту одговорно лице што стои зад исправноста“ на водата заради што изјавата ја оценуваме како делумно вистинита.

 

Извори:

 

Оцени: Стојан Синадинов 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција