Сензационалистичка кликбејт објава манипулира со љубопитноста на читателите

„Вистиномер“ ја пронајде фотографијата која е искористена за невистинито кликбејт дезинформирање во конкретната објава со алатката за обратно пребарување фотографии. Конкретната фотографија е објавена уште на 27 септември 2009 година на сајтот на германскиот  весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“

Секој нов клик на линкот до наводната „вест“ и најава за „тешката сообраќајна несреќа во која животот го загубил познат балкански пејач“, наместо кон најавената содржина, води кон нови линкови кои се менуваат што претставува кликбејт содржина. „Вистиномер“ ја пронајде фотографијата која е искористена за невистинито кликбејт дезинформирање во конкретната објава со алатката за обратно пребарување фотографии. Конкретната фотографија е објавена уште на 27 септември 2009 година на сајтот на германскиот  весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

ШОК и ТРАГЕДИЈА утрово: Во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби познат балкански пејач – повеќе на линкот во коментар.

Во склоп на објавата се споделува фотографија од сообраќајка на автопат со исклучително оштетен автомобил во близина на банкина. Во коментарот на објавата има линк кој не води кон веродостоен сајт, ниту кон веродостојна информативна содржина (вест), туку е кликбејт кој води на надворешна страница за софтвер. Кога „Вистиномер“ по вторпат го провери линкот, бевме пренасочени на друга страница, Али експрес. Тоа само потврдува дека секој нов клик на линкот до наводната „вест“ и најава за „тешката сообраќајна несреќа во која животот го загубил познат балкански пејач“, истата наместо кон најавената содржина, води кон нови линкови кои се менуваат што претставува кликбејт содржина.

Кликбејт е вид на онлајн содржина, линк до содржина или фотографија која е дизајнирана да го привлече вашето внимание и да ве натера да кликнете на неа, честопати користејќи претеран, погрешен или сензационален јазик. Целта е да се привлечат кликови, а не да се информира точно, а содржината внатре честопати не го исполнува ветувањето во насловот. 

Кликбејт најчесто се користи за зголемување на сообраќајот на веб-страницата или зголемување на сообраќајот на социјалните мрежи (лајкови, споделувања, коментари). Ваквите содржини ги доведуваат во заблуда читателите, ја намалуваат довербата во содржината или издавачот и им даваат приоритет на емоциите и шокот – пред вистината.

Во конкретниот случај „Вистиномер“ ја пронајде фотографијата која е искористена за невистинито кликбејт дезинформирање во конкретната објава со алатката за обратно пребарување фотографии. Конкретната фотографија е објавена уште на 27 септември 2009 година на сајтот на германскиот  весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Статијата се однесува на сообраќајка со 5 смртни случаи предизвикана од возач кој возел во спротивна насока, и самиот загинал во несреќата. Според објавата на реномираниот германски весник, сообраќајката се случила во Баварија, а сите загинати во судирот на автопатот биле на возраст меѓу 20 и 25 години.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција