Сензационалистички наслов за дезинформирање, а не за информирање

Воопшто не е точно дека оваа зима ќе се појави нова варијанта на Ковид-19 и дека научниците објавиле итно соопштение. Најновата варијанта на Сарс-Ков-2 е Омикрон, и иако оваа варијанта веќе е проширена во многу делови од светот, кај нас сè уште не е идентификуван случај со Омикрон. Експертите апелираат до граѓаните да се вакцинираат, да носат маски и да избегнуваат групирања во затворени простории, пишува Порталб.мк.

Бидете спремни зошто оваа зима ни доаѓа една нова варијанта, експертите со итно соопштение, еве што не чека…  е насловот на содржината која дезинформира. Оваа содржина е објавена на порталот Њуз19пост, веб страна која и претходно ширела лажни и непрофесионални информации.

Во содржината што ја рецензираме се тврди дека во зима ќе има нова варијанта на Ковид-19, а пак во насловот се тврди дека е објавено итно соопштение со кое се алармира и вознемирува јавноста. И двете тврдења се лажни и лесно може да се проверат.

Нема официјални информации дека се очекува појава на нова варијанта во текот на зимата

Во медиумите и меѓународните институции нема официјална информација дека во текот на зимата се очекува да се појави нова варијанта на Ковид-19. Во моментов светот се соочува со нова варијанта на Ковид-19, варијантата Oмикрон. Оваа варијанта за прв пат беше идентификувана во Јужна Африка на 24 ноември оваа година. Варијантата Омикрон се шири полесно од оригиналниот вирус Сарс-Ков-2, но сè уште не е познато колку полесно се шири во споредба со Делта варијантата.

Од Министерството за здравство велат дека кај нас не е регистриран случај со варијантата Омикрон и дека Делта варијантата продолжува да доминира.

Во светот постојат илјадници различни варијанти на вирусот Сарс-Ков-2, бидејќи со тек на времето вирусот се менува. Кај нас досега се откриени само неколку варијанти на Ковид-19, моментално доминантна е Делта варијантата на Сарс-Ков-2. Без разлика дали ќе се појави нова варијанта или не, нашиот здравствен систем е подготвен соодветно да одговори на потребите на пациентите, соопштија од Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство информираат дека во моментов епидемиолошката состојба во нашата земја е стабилна и епидемиолозите констатирале намалување на бројот на заразени со Ковид-19, како и намалување на бројот на активни случаи. Намалување има и на бројот на хоспитализирани пациентите. Во земјава хоспитализирани се вкупно 408 пациенти со Ковид-19.

Што се однесува на сезонскиот грип, кај нас нема зголемување на бројот на заболени од грип во однос на претходните години.

За состојбата со грипот, анализата покажува исто ниво во однос на типичната сезонска крива од минатата година. Заразени пријавиле шест ЦЈЗ/ПЕ, во Дебар – 58, во Гостивар – 31, во Охрид – 17, во Тетово – 16, во Куманово – 10 и во Прилеп – 2 – соопштија од Министерството за здравство.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција