Сервисната улица АСНОМ изградена со задоцнување од две и пол години

Новата улица покрај реката Вардар на потегот од СЦ „Јане Сандански" до булеварот „Србија", е изградена во мај 2016 година Фото: веб-страница на Општина Аеродром

Проект: Изградба на сервисна улица АСНОМ – крак во Јане Сандански УЕ Г (од мостот „Близнак“ до спортската сала „Јане Сандански“, паралелна на бул. АВНОЈ)

Опис на проектот: Изградбата опфаќа изведба на градежен дел со комплет – на комунална инфраструктура: атмосферска канализација, фекална кана – лизација, водовод, осветлување и асфалтирање на улицата.  (Средства: 54.000.000 денари  Извор на финансирање: Општина Аеродром  Рок: декември 2013 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Новата улица покрај  Вардар  на потегот од СЦ „Јане Сандански” до булеварот „Србија”, поточно покрај булеварот „АСНОМ” е изградена во мај 2016 година. Изградба на сервисна улица АСНОМ – крак во Јане Сандански УЕ Г од мостот „Близнак“ до спортската сала „Јане Сандански“, паралелна на бул. АВНОЈ  (односно , како што сега се вика – АСНОМ) вети  градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски во неговата  Изборна програма (2013-2017), Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром!  (Транспорт и патна инфраструктура, стр. 56). Така што,  ова е исполнето ветување на градоначалникот Коневски, со забелешка дека тоа е реализирано  две и пол години подоцна  од крајниот рок наведен во  Изборната програма (декември 2013).

Сервисната улица којашто се претега на потегот од спортскиот центар „Јане Сандански“ до булеварот „Србија“ , паралелно со булеварот АСНОМ, почна  да се гради во мај 2013 година. Како што беше тогаш најавено,  новата улицата  ќе има површина од над 12.000 метри квадратни,  должина од околу еден километар, нови паркинг-места за 120 возила и ќе бидет  целосно осветлена . На стартот на работите, градоначалникот на Општина Аеродром,  Коневски изјави:

Со  новата улица ќе се овозможи полесен пристап до објектите што се градат покрај кејот на Вардар. Бенефит од изградбата на улицата со паркиралишта ќе имаат не само корисниците на објектите, туку и сите граѓани во општината, а најмногу жителите на населбата Јане Сандански

На 18 мај 2016 година медиумите информираа дека во Аеродром е изградена нова сервисна улица од СЦ „Јане Сандански” до булеварот „Србија”. Истата информација ја има и на веб-страницата на Општината Аеродром, а во неа, меѓу другото, е наведено

Вкупната должина на новата улица изнесува околу еден километар, а широчината 6 метри. Пред асфалтирањето на улицата беше изведена комплетна фекална и атмосферска канализација и водоводна мрежа.

Улицата, исто така, има тротоари од двете страни од по два метри и соодветно јавно осветлување, а има обезбедено и околу 200 паркинг-места, така што новата улица не само што ќе овозможи пристап до објектите што се градат покрај реката, туку и ќе им го олесни паркирањето на граѓаните од најблиските згради покрај булеварот „АСНОМ“.

Вкупната вредност за изградба на новата улица е околу 35 милиони денари, обезбедени од Буџетот на општина Аеродром.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција