Шпанскиот порноактер со „сто лица“ стана и Михаил од кичевско кој измисли лек за коронавирус

На фотографијата којашто се споделува на Фејсбук не е Михаил од кичевско, ниту пак истиот измислил лек против коронавирус. Личноста во белиот мантил всушност е порноактер од Шпанија. Сајтот за проверка на факти Колумбиачек, како и сајтот Малдита.ес дебанкираа лажни вести поврзани со ликот на порноактерот

На фотографијата којашто се споделува на Фејсбук не е Михаил од кичевско, ниту пак истиот измислил лек против коронавирус. Личноста во белиот мантил всушност е порноактер од Шпанија. Сајтот за проверка на факти Колумбиачек, како и сајтот Малдита.ес дебанкираа лажни вести поврзани со ликот на порноактерот

 

Пост на Фејсбук шири лажна вест дека „Михаил, роден во село Букојчани Кичевско … пронашол ефикасен лек за корона…. Ама за овој никој не зборува на вестите, преплавени се со политики“.

Во прилог на постот има и фотографија од млад човeк облечен во бел мантил.

„Браво за Михаил. Вакви деца и требаат на Македонија“, се вели во објавата на Фејсбук во која е споделена фотографијата и објаснувањето за Михаил од кичевско.

 

Нашата проверка покажа дека на фотографијата ниту е Михаил од кичевско, ниту пак истиот измислил лек против коронавирус. Личноста во белиот мантил всушност е порноактер од Шпанија.

Фотографијата, доколку ја пребарате на Гугл ќе видите дека се појавува на шпански на Твитер статуси, а во нив се посочува дека личноста е младиот лекар Алберто Санчез кој починал работејќи со ковид пациенти.

 

Ова е Алберто Санчез, лекар во болницата де ла Паз во Мадрид, кој штотуку почина на 24-годишна возраст поради коронавирус, по голема работа и напор во грижата за стотици пациенти, но бидејќи тој не е фудбалер или пејач, нема да ја има заслужената реперкусија.

Во друг статус обајвен на Фејсбук во април 2020 година, ликот е д-р Аквилс Баеза Вергарач

Тој е д-р Аквилс Баеза Вергара, штотуку почина по 6 дена без одмор во болницата Ла Раза во ЦДМХ. Тој успеа да излечи многу луѓе од коронавирус по цена на својот живот, по потекло од Тлаксала. Никој нема да сподели затоа што тој не е фудбалер, политичар или рок ѕвезда.

Сајтот за проверка на факти Колумбиачек ја има дебанкирано оваа вест во јуни 2020 година.

Уште еднаш, фотографија на познатиот шпански порно актер Анхел Муњоз, познат како „Жорди Ел Нињо Пола“, човекот со илјада лица и илјада професии (на социјалните мрежи го претставуваат како  лекар, инженер, заменик , судија, стипендист, внук на Андрес Фелипе Аријас), се користи во колумбиските социјални мрежи за генерирање дезинформации, пишува Колумбиачек.

И сајтот Малдита.ес дебанкира вест поврзана со ликот на порноактерот во март 2020 година и пишува дека тој уште бил претставен како човекот кој ја измислил вакцината против Н1Х1 грипот.

На крајот можеме да заклучиме дека Михаил од кичевско не постои, а уште помалку дека пронашол лек за коронавирус со кој се излечени многу луѓе. Ваквите измами на социјалните мрежи се многу честа појава, а луѓето ги споделуваат овие лажни вести без претходно да проверат за што станува збор.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција