Полицијата отвори предмет, хрватскиот ракометар бил нападнат од две лица пред да почине

Фото: ФБ профил - Денис Тот

Хрватскиот ракометар Денис Тот вчера изутрина, во близина на дискотеката „Привилиџ“ бил нападнат од две лица, дечко и девојка, дознава „Вистиномер“ од два независни полициски извори. За овој трагичен случај во текот на денот се ширеа различни верзии, и од страна на македонските и од страна на хрватските медиуми

Хрватскиот ракометар Денис Тот вчера изутрина, во близина на дискотеката „Привилиџ“ бил нападнат од две лица, дечко и девојка, дознава „Вистиномер“ од два независни полициски извори. За овој трагичен случај во текот на денот се ширеа различни верзии, и од страна на македонските и од страна на хрватските медиуми

 

 

Хрватскиот ракометар Денис Тот вчера изутрина, во близина на дискотеката „Привилиџ“ бил нападнат од две лица, дечко и девојка, дознава „Вистиномер“ од два независни полициски извори. Дваесет и седум годишниот ракометар попладнево почина на Клиниката за реанимација, анестезија и интензивно лекување (КАРИЛ). Првично, од КАРИЛ, а и од МВР изјавија дека на телото немало траги на насилство, а за трагичниот настан се ширеа различни верзии околу причините за смртта.

Попладнево полицијата ги прегледала камерите на „Сејф Сити“, каде точно се гледало што се случувало пред младиот ракометар да падне во бесознание и да биде пренесен во Ургентниот центар.

На снимките се гледало како дечко и девојка излегуваат од дискотеката „Привилиџ“ и влегуваат во такси возило, а по нив тргнал и Тот и им се обратил, но на снимките не може да се чуе што им кажал. Дечкото и девојката излегуваат од такси возилото. Дечкото му удира две шлаканици, по што ракометарот веднаш паѓа на земја, а девојката неколку пати го удира со нога по главата. Младиот ракометар воопшто не се придвижил, ниту пак дал отпор. Откако виделе дека е во бесознание, двајцата се обиделе да му помогнат и да го реанимираат, но не успеале, по што избегале од местото на настанот, а такси возилото си заминало уште кога настанала расправијата. Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош.

За овој трагичен случај во текот на денот се ширеа различни верзии.

Првично, текст објавен во хрватски „Вечерњи лист“, дека хрватскиот ракометар Денис Тот кој игра во екипата на Бутел, бил крвнички претепан во Скопје и се бори за својот живот, доцна вечерта во четвртокот и утринава, го презедоа најголем дел од македонските медиуми.

Во текстот пишуваше дека 27-годишниот Тот имал повеќе фрактури и други бројни повреди, кои најверојатно настанале откако бил претепан со тапи предмети, а бил и удиран со раце и со нозе по телото. „Вечерњи лист“ се повикуваше на неофицијален извор и тврдеше дека сето ова се случило во дискотеката „Привилиџ“ во Скопје, а дека снимките од безбедносните камери биле избришани.

Оваа информација веднаш беше преземена од македонските медиуми.

Веќе утринава, македонските медиуми кои го проверија случајот, дојдоа до информација дека хрватскиот ракометар се бори за живот на Клиниката за реанимација, анестезија и интензивно лекување КАРИЛ, но дека нема видливи траги на насилство.

Наспроти објавите на сите домашни медиуми, директорката Маја Мојсова посочува дека Тот немал видливи траги на насилство, односно не бил претепан. Истото го потврдија и од Министерството за внатрешни работи, од каде велат дека Тот бил во бесознание, но без видливи траги на насилство, пишува Мета.мк.

И за веб-порталот Фокус, директорката на КАРИЛ Маја Мојсова потврдува дека Тот немал видливи знаци на насилство, а на клиниката бил донесен без срцева акција.

Во полициското соопштение се вели дека на 07.04.2022 во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје било пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.

И хрватските медиуми подоцна ги презедоа овие информации, со тврдење дека за настанот има две различни верзии.

Неколку часа по објавените информации дека Тот се бори за живот, младиот ракометар почина на клиниката, а од МВР изјавија дека во најкраток можен рок ќе излезат со прецизни информации за причините за смртта.

Телото на Тот е предадено на обдукција, која треба да ја покаже причината за настапувањето на смртта. Двете лица, дечкото и девојката кои го нападнале, се уште не се пронајдени од страна на полицијата.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција