Шпекулација е дека Полска ќе испраќа војници во Украина

Фото: The image was posted on Pixabay by WikiImages

Како извор на оваа информација се користи објава на Телеграм што ја напишал рускиот воен известувач Семјон Пегов на својот канал. Но, полскиот претседател Анджеј Дуда во неколку наврати изјави дека Полска не планира да испрати војници во Украина односно дека „полските војници нема да одат во Украина да се борат“. Дуда ја даде оваа изјава на почетокот на мај по состанокот на полскиот Совет за национална безбедност. Тој предупреди на дезинформациите на оваа тема, велејќи: „Не верувајте во такви неосновани вести дека „Полска сака да се вклучи во војната, а полските војници ќе бидат испратени во војна“

Како извор на оваа информација се користи објава на Телеграм што ја напишал рускиот воен известувач Семјон Пегов на својот канал. Но, полскиот претседател Анджеј Дуда во неколку наврати изјави дека Полска не планира да испрати војници во Украина односно дека „полските војници нема да одат во Украина да се борат“. Дуда ја даде оваа изјава на почетокот на мај по состанокот на полскиот Совет за национална безбедност. Тој предупреди на дезинформациите на оваа тема, велејќи: „Не верувајте во такви неосновани вести дека „Полска сака да се вклучи во војната, а полските војници ќе бидат испратени во војна“

 

 

Фејсбук објава тврди дека членка на НАТО директно и официјално влегла во конфликтот во Украина и дека наскоро се подготвува мобилизација и кај нас. Ова е невистинита информација.

Еве ја првата членка на НАТО што директно и официјално влегува во конфликтот во Украина. Ова е првото домино, сега на ред се другите и не може да се спречи. Северџани и соороспии спремајте се, мобилизацијата е блиску. Ќе имате шанса да гинете за вашите НАТО идеали, стои во објавата.

На Фејсбук објавата прикачен е притнскрин од медиуски напис чиј наслов тврди дека „два баталојни полска пешадија пристигнаа во Украина“.

Како извор на оваа информација се користи објава на Телеграм што ја напишал рускиот воен известувач Семјон Пегов на својот канал. И тоа е сè. Нема никаква друга информација која што може да се најде во медиумскиот простор која што би можела да биде дополнителна потврда за ова тврдење. Нема ниту фотографии ниту видеа од полските трупи на украинска територија кои се борат против Русија.

Впрочем и фотографијата која е употребена за овој напис е од полски војник снимена на полско-белоруската граница во Коден, Источна Полска на 27 јануари оваа година, а не од полски војник во Украина снимена сега.

 

Кој е Семјон Пегов?

Семјон Пегов е поранешен новинар на рускиот ТВ канал LifeNews во Донбас, источна Украина. Во 2017 година, тој стана проруски воен блогер и сега има 800.000 следбеници на Јутјуб и над еден милион следбеници на Телеграм. Тој ги покриваше протестите во Белорусија против реизборот на претседателот Лукашенко во август 2020 година, како и војната во Нагорно-Карабах меѓу Ерменија и Азербејџан во есента 2020 година. Денес, Пегов е дел од баталјонот „Сомалија“ на вооружените сили на Доњецката Република и споделува видеа на Телеграм од нивните секојдневни операции. Но, неговите објави често се полни со дезинформации.

Впрочем, полскиот претседател Анджеј Дуда во неколку наврати изјави дека Полска не планира да испрати војници во Украина односно дека „полските војници нема да одат во Украина да се борат“. Дуда ја даде оваа изјава на почетокот на мај по состанокот на полскиот Совет за национална безбедност.

Тој предупреди на дезинформациите на оваа тема, велејќи: „Не верувајте во такви неосновани вести дека „Полска сака да се вклучи во војната, а полските војници ќе бидат испратени во војна“.

Се разбира, ако е потребно да ја одбраниме нашата земја, ќе ја браниме. Но, нема индикации дека ќе бидеме нападнати, рече тој.

Полска му обезбеди воена помош на својот сосед, но таа не изрази никакви планови за испраќање војници на украинска територија. Вакви објави дека Полска се вклучила во војната во Украина се споделуваа и претходно и истите беа дебанкирани.

Генералната команда на полските вооружени сили ги отфрли обвинувањата и изјави дека секоја наводна наредба за преместување војници е „фалсификувана“.

Оваа информација која потекнува од проруски воен блогер и за која нема апсолутно никаква официјална потврда ниту пак може да се најде медумски напис од релевантен медиум кој може да го потврди ова, е една голема шпекулација. Врз база на шпекулација која доаѓа од руска страна не може категорично да се тврди дека членка на НАТО директно и официјално влегла во војната во Украина, особено кога и самата Полска и НАТО алијансата во неколку наврати потенцираа дека нема да се вклучат во војната преку испраќање трупи.

Оваа објава освен што има цел да манипулира и да пренесува шпекулации, шири паника во јавноста дека набрзо ќе се случи мобилизација и кај нас, бидејќи сме членка на НАТО и дека „ќе се гине за НАТО идеали“.

Но, ова не е вистина. НАТО не е вклучена во војната во Украина со испраќање војници и тоа нема да се случи ниту во иднина, бидејќи Украина не е членка на Алијансата.

Во време на војна, кога луѓето се гладни за детали, дезинформациите и воената пропаганда од двете страни можат да бидат подеднакво вирални како и проверените факти. Затоа, пред да оформи мислење и да се сподели нешто на социјалните мрежи, потребно е да се провери дали информацијата потекнува од официјални извори.




Qries


 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција

2 Реакции
    1. Вистиномер :

      Почитувани, тоа што на територијата на Украина има и лица од Полска, кои во јуваат во оружените сили на Украина, тоа не значи дека тие се пратени од од полската држава. Во Украина има доброволци кои служат во оружените сили на Украина од повеќе држави, но тие не се пратени по надреба на нивните влади или армии. Значи, тие немаат наредба да одат да се борат во Украина, туку тоа го прават доброволно. Тие не ни можат да добијат таква наредба, зашто тоа се коси со политиките на НАТО, кој не сака да да креира зона забранета за летање над Украина, а камоли да праќа војници на лице место. Да постоеше официјална политика на полската Влада, илии, пак, било какви докази дека послките власти се оние кои испраќаат војници во Украина, тоа ќе беше ударна вест, која ќе беше објавена на сите светски медиуми и ќе значеше директно вмешување на НАТО земја на теренот. Исто така, овој ЈуТјуб канал е познат по ширење дезинформации. И порано сме налетале на тврдења објавени на истиот овој канал кои се покажале неточни.