Шведска, Норвешка и Полска не ја тужеле СЗО, а вирусот не се „фрла“ од авион

Не е вистина дека Шведска, Норвешка и Полска ќе ја тужат Светската Здравствена Организација. Лицето што го тврди ова, како „доказ“ зел фотографии кои се стари од 2006 година и направени од самите компании за комерцијални цели, покажа проверката на факти на Порталб.
Страната ,,Топ Ченеф” ги дезинформира читателите одвлекувајќи им го вниманието од тоа во што треба да се фокусираат, а тоа е вирусот корона кој е смртоносен и постои, што се шири од човек на човек и поради што треба да се заштитиме, пишува Порталб.мк.
Лицето кое се крие позади фејсбук страната ,,Топ Ченеф” напишал дека Светската Здравствена Организација е мафијашка организација која го шири вирусот како им одговара, што е чиста невистина.
„Сфатете бре луѓе дека СЗО е мафијашка организација во рацете на Сорос. Затоа и пландемијата се шири каде и како сакаат тие…“ пишува на фејсбук „Топ ченеф“.
Која е вистината?
Поборниците за ширење дезинформации за ковид пандемијата, на почетокот монтираа објава на Ројтерс во која лажно се тврдеше дека имало тужба на трите горенаведени држави против СЗО. Од „Ројтерс“го демантирале ова и воедно најавија тужби.
„Ова не е вистина: Ројтерс не известиле за ова а ни за нешто слично на ова“ пишуваат од „Ројтерс“ вознемирени од монтажите.
Лажната теорија дека „вирусот корона се фрла од авион“ е одамнешна, прво почна да се објавува во декември 2020 година а потоа многу граѓани на РСМ ги снимаа авионите тврдејќи дека им фрлаат вирус од горе.
Што во врска со фотографиите?
Повеќето фотографии кои се објавуваат за да се „докаже“ дека вирусот корона се фрла од горе се стари и направени од самите авио-компании за комерцијални цели и немаат апсолутно никаква врска со вирусот корона.
Фотографија од авионот
На оваа фотографија се гледа авион на компанијата ,,Евергрин” и фотографијата е направена на 19 мај 2006 година во Калифорнија. Оваа компанија не е во функција од 2013 година кога заминаа под стечај и не успеаа да преживеат на пазарот.
Друга фотографија е објавена од ова лице каде што се гледа еден маж како стои меѓу неколку корпи за кои се тврди дека се полни со вирус, и оваа фотографија беше на Getty Images и нема никаква врска со пандемијата на вирусот корона.
Според информациите што ги обезбедивме фотографијата е направена на 6-ти септември 2009 година и во неа се гледа внатрешноста на еден авион MСН1, авион Ербас А380 СуперЏамбо, кој е тестиран наполнет со справи за тестирање и канили. Садовите се полни со вода и се користат за да се симулира тежината на товарот и патниците.
Како се шири корона?
Новиот коронавирус е вирус на дишните патишта и главно се шири преку близок контакт со заболено лице. Главните начини на ширење од заболено лице се преку:
Плунка, кашлица и кивање
Личните директни контакти
Рацете, на пример од допир со контаминирани раце (уште неизмиени) на устата, носот или очите
Во ретки случаи, инфекцијата може да се случи и преку фекална контаминација.
Обично респираторните болести не се пренесуваат со храна, која во секој случај треба да се третира почитувајќи ги добрите пракси на хигиена и избегнувајќи го контактот меѓу приготвената и неприготвената храна.
Во секој случај, продолжуваат истражувањата за подобро да се сфати како се пренесува овој вид на вирус.
Која е дефиницијата за „близок контакт“?
Според ЕЦДЦ, „како близок контакт“ ќе се смета:
Секој човек што живее во истата куќа
Секој човек кој има контакт со еден случај или со неговите телесни течности или лабораториски примероци.
Секој здравствен работник што дал директна здравствена нега на пациентите со ковид, или што работел со здравствени работници заболени од ковид.
Секое лице или лица што посетиле пациенти, или седеле во исти простории на здравствена нега со пациент со ковид 19 и особено кога случајот бил подложен на постапка која генерира аеросоли.
Секое лице што работи во близина или тесно или бил во истата затворена просторија како на пр. училница во школо со пациент со КОВИД-19.
Секое лице што стоело на растојание помало од 2 метри од случајот, во секоја средина што не е наведена погоре и за било какво време.
Секое лице што патувало заедно со пациент или повеќе пациенти со КОВИД-19 со било какво возило.
Лицата што патуваат со авион во ист ред или во два редови пред и зад еден сомнителен или потврден случај со КОВИД-19 ; неговите придружници за патувањето или старатели; и членовите на екипажот што служеле во делот на авионот каде што бил седнат заболениот. Доколку заболениот има тешка симптоматологија или се движел во внатрешноста на авионот, што покажува поголемо изложување на патниците, треба да се сметаат како блиски контакти сите патници седнати во истиот дел на авионот или во целиот авион.
Според ова, евидентно е дека во постот се собрани неколку фотографии од „Гугл“ и измислена е теорија на заговор со цел да се разниша довербата на луѓето во пандемијата со вирусот корона и вакцините, кои моментално се сметаат како единственото оружје во војната против вирусот.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција