Шведска студија не покажува дека ковид вакцината ја менува ДНК на личноста

Фото: Принтскрин видео

Обратна транскрипција е процес со кој РНК може да се користи како образец за производство на ДНК. Теоретски, додека мРНК во вакцините може да се конвертира во ДНК со обратна транскрипција, нема научни докази кои покажуваат дека овој процес се јавува кај луѓето или дека води до интеграција на ДНК во геномот

Обратна транскрипција е процес со кој РНК може да се користи како образец за производство на ДНК. Теоретски, додека мРНК во вакцините може да се конвертира во ДНК со обратна транскрипција, нема научни докази кои покажуваат дека овој процес се јавува кај луѓето или дека води до интеграција на ДНК во геномот

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и пишува:

И уште една „теорија” само што стана реалност…
Како сте „видоизменети”, арни?
„Па, што значи тоа во едноставни термини?“
„Ни беше кажано дека ова нема да се случи“
Лекарите и научниците продолжуваат да прават алармантни откритија за вакцината против ковид.

Во видеото се споделува разговор во кој се посочува дека „студија од Малме, Шведска, од Лунд универзитетот покажала дека вакцината на „Фајзер“ инсталира ДНК во човечкиот геном“ и дека „ензимот што ја носи мРНК информацијата од вакцината, влегува во ДНК на личноста“. Според ова видео, во објавата се заклучува дека вакцинираните се наводно „видоизменети“.

Како што пишуваат проверувачите на факти на ААП (Australian Associated Pres), студијата е широко лошо сфатена и неправилно пренесена.

Авторите на студијата не заклучија дека вакцината има каков било ефект на геномот на личноста и генетичарите велат дека студијата е испревртена и извадена од контекст. Студијата од  Универзитетот Лунд , насловена како Интрацелуларна обратна транскрипција на Pfizer BioNTech COVID-19 mRNA вакцина BNT162b2 In Vitro во клеточна линија на човечки црн дроб, истражува како вакцината на „Фајзер“ може да влијае на клетките на ракот на црниот дроб кај луѓето во лабораториски услови. Во воведот на студијата се наведува дека авторите „имаат за цел да го испитаат ефектот вакцината на „Фајзер“ на клеточна линија на човечки црн дроб ин витро и да истражат дали таа може обратно да се транскрибира во ДНК преку ендогени механизми, пишуваат проверувачите на факти на „Асошиејтед прес“.

Студијата на Универзитетот Лунд не покажува дека мРНК на вакцината воопшто влегува во клетките, туку само дека се случила обратна транскрипција на мРНК.

Двајца автори на студијата на Универзитетот Лунд, вонреден професор Јанг де Маринис и професор Магнус Расмусен , исто така објавија прашања и одговори  откако почнаа да се шират дезинформации за нивната студија.

„Резултатите во многу случаи се погрешно протолкувани. Оваа студија не истражува дали вакцината на „Фајзер“ го менува нашиот геном“, потврди Де Маринис за  ААП. 

Професорот Расмусен смета дека нема причина некој да ја промени својата одлука да се вакцинира врз основа на оваа студија.

Студијата е спроведена во лабораторија на клетки што не се исти како оние на човечки објекти, бидејќи клеточните линии се разликуваат од клетките во живите организми, напиша Расмусен.

И проверувачите на факти на „Хелт фидбек“ пишуваат дека експерименталниот систем користен во студијата на Универзитетот Лунд е вештачки. На пример, се користеле клетки од рак на црниот дроб кои растат во лабораторија, кои не се репрезентативни за здрави клетки или човечко суштество. Затоа резултатите од студијата не можат да се сметаат како на резултати што покажуваат дека тоа се случува кај луѓето. Обратна транскрипција е процес со кој РНК може да се користи како образец за производство на ДНК. Теоретски, додека мРНК во вакцините може да се конвертира во ДНК со обратна транскрипција, нема научни докази кои покажуваат дека овој процес се јавува кај луѓето или дека води до интеграција на ДНК во геномот.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција