Силвана Бонева: Немам обврска да дадам отчет за становите на децата

Во телефонски разговор за НОВА, на 23.01.2014, Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ зборува за обвинувањата на опозицијата за нејзиниот имот пријавен во Анкетниот лист, и становите на нејзините синови. Вели нема обврска да даде отчет за становите на децата.

Образложение:

Според Законот за собрание, член 15:

Пратеникот е должен најдоцна во рок од 30 дена од верификацијата на мандатот да пополни анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост, или сопственост на членовите на неговото семејство, со наведување на основот на стекнување на пријавениот имот и депонира заверена изјава од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки.

Значи секој пратеник е должен да даде отчет не само за својата имотна состојба, туку и за членовите на своето семејство. Инаку овие анкетни листови се доставуваат до Државната комисија за спречување на корупција и се јавно достапни на веб-страната на Комисијата. Ако се провери анкетниот лист на Бонева, на име на децата има само банкарски депозит од 375 евра и ништо друго, значи станови никаде не се споменуваат.

201401241149 Boneva anketen list

А во интервјуто Бонева потврдува дека нејзините синови се сопственици на имот, што значи дека таа не си ја извршила својата законска обврска. Така што во овој случај се спорни две работи, прво што изјавува дека нема обврска да даде отчет за имотот на своите деца, а има според Законот за собрание, а второ дека и таа законска обврска не си ја извршила.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција