Силвана Бонева
Актуелен член на Државната изборна комисија (ДИК) од ВМРО-ДПМНЕ и личност чиј глас се слуша во многу „бомби“ или таа е тема на разговорите во нив.
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Родена на 21 август1959 година во Струмица. Мажена, мајка на две деца.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија од 2006 година и координатор на Пратеничката група до 2015.
Во рамките на пратеничкиот мандат била заменик-претседател на Национален совет за евроинтеграции, член на Буџетскиот совет на Собранието на РМ и член на повеќе комисии. Била и член на Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија, на Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, потоа на Мешовит парламентарен комитет ЕУ – Република Македонија). Силвана Бонева била и член на пратенички групи за соработка со парламенти на три други земји
Бомбите
Силвана Бонева беше споменувана во прислушкуваните разговори, но исто така можеше да се слушне во повеќе разговори и како директен учесник, посебно во контекст на изборни активности, закани и притисоци на гласачи. Исто така нејзиното име беше инволвирано и активности за координирање, организирање, предлагање и форсирање на некои закони по скратена постапка, по наредба на Никола Груевски.
СЈО нема покренато обвинение, иако постојат јасни индиции за злоупотреба на службена должност, како и за изборни нерегуларности.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар