Симболот на елката во Латвија нема корени во нацизмот, туку во латвискиот фолклор

Фото: Принтскрин видео

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Иако симболот на божиќните украси изгледа како нацистичка свастика, станува збор за огнен крст (ugunskrusts) којшто има потекло од латвискиот фолклор и историја. Националната енциклопедија на Министерството за култура на Латвија, објаснува дека иако симболот може да има контроверзна интерпретација, сепак се темели на латвиската митологија. На територијата на Латвија, најстарите пронаоѓања на огнениот крст одат и до третиот век

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Иако симболот на божиќните украси изгледа како нацистичка свастика, станува збор за огнен крст (ugunskrusts) којшто има потекло од латвискиот фолклор и историја. Националната енциклопедија на Министерството за култура на Латвија, објаснува дека иако симболот може да има контроверзна интерпретација, сепак се темели на латвиската митологија. На територијата на Латвија, најстарите пронаоѓања на огнениот крст одат и до третиот век

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека:

Во градот Лиелварде, кој се наоѓа во централниот дел на Латвија, беше поставена главната новогодишна елка украсена со симболи на свастика.

Во рамките на објавата е споделен и текст со наслов:

Божиќна елка во Латвија е украсена со фашистички симболи.

Проверувачите на факти на Ројтерс, пишуваат дека симболот има корени во историјата и фолклорот на Латвија и дека не е инспириран од свастиката којашто ја користела германската Нацистичка партија во првата половина на дваесеттиот век.

Националната енциклопедија на Министерството за култура на Латвија, објаснува дека иако симболот може да има контроверзна интерпретација, сепак се темели на латвиската митологија.

На територијата на Латвија, најстарите пронаоѓања на огнениот крст одат и до третиот век. Во наредните векови огнениот крст може да се пронајде во археолошките материјали на сите етнички групи кои живееле на територијата на Латвија, пишува Ројтерс.

Страницата објаснува дека има многу варијации на крстот, вклучително и оние кои изгледаат како нацистичката свастика и дека симболот бил користен од страна на латвиските симпатизери на Нацизмот во 20 век. Но, се додава и дека употребата на нацистичките свастики е нелегална во Латвија освен ако целта не е поврзана со глорификација на тоталитарните режими или ако не се оправдуваат сторените злодела.

Законот во Латвија не се однесува на оние случаи каде огнениот крст се користи во контекст на фолклорен орнамент, на фолклорни уметнички производи или други креативни начини. Фотографиите од божиќните декорации може да се пронајдат на Фејсбук страницата од регионот и на Јутјуб каналот.

Извештаите за украсената елка во весниците и  порталите од Латвија,  не споменува дека симболот е инспириран од Нацизмот. А во еден од извештаите во медиумите, сепак,  пишува дека ,,руските пропагандисти” одбиваат да поверуваат во латвиското потекло на симболот.

Проверувачите на факти на Лид сторис пишуваат дека употребата на симболите на нацистичка Германија, во Латвија се регулирани со законот за безбедност од 2005 година, кој утврдува дека свастиката не смее да се користи за време на јавен настан освен во случаи кога целта на употребата не е поврзана со глорификација на тоталитарни режими или со оправдување на сторените злодела.

Поради сите горенаведени факти постот кој го рецензираме го оценуваме како пост во кој се пропушта контекстот. Иако симболот на божиќните украси изгледа како нацистичка свастика, станува збор за огнен крст (ugunskrusts) којшто има потекло од латвискиот фолклор и историја.

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција