Симон Трпчески не го прекина концертот во Штип

 

[Симон Трпчевски прекина концерт во Штип]

Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи не е вистина дека светски познатиот пијанист Симон Трпчески го прекинал концертот во Штип. Најпрво, Трпчески немаше самостоен концерт за да го прекине, туку тој беше гостин на новогодишниот концерт на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, при што имаше два настапa на концертите на 25 декември, од 17 и 19 часот.

Линк до оригиналниот напис: Симон Трпчевски прекина концерт во Штип

Датум и време на објавување: 17.1.2020

Датум на рецензија: 18.1.2020

Рецензира: Силвана Жежова

Светски познатиот пијанист Симон Трпчевски по пауза долга од 11 години повторно настапи во Штип. Трпчевски за време на концертот, кој што се одржа во рамките на Домот на културата „Ацо Шопов“ И се обрати на публиката поради лошите услови, односно поради фактот што во салата немало греење, а и имало проблеми и со струјата.

Првата реченица од текстот што го рецензираме алудира на тоа дека Трпчески имал свој самостоен концерт во Штип. Во текстот никаде не се споменува новогодишниот концерт на учениците од нижото и средното музичко училиште, во рамките на кои Трпчески настапи.

Дека Трпчески не го напуштил концертот, демант имаше и од директорот на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, Горан Кавраков.

Станува збор за лажна вест дека Симон Трпчески го прекинал концертот, сведок за тоа е преполната сала со публика што  беше фасцинирана од досега најдобриот новогодишен концерт на учениците и наставниците на ДМУЦ ,,Сергеј Михајлов,, Штип. Јасна е целта на оние што ја шират оваа лажна вест, меѓутоа ние како уметници остануваме да работиме професионално во интерес на учениците и самото училиште. Несовесно е на трудот на учениците и за еден таков прекрасен настан да се измислуваат невистини и сето тоа да се користи за какви БИЛО нечесни цели“, вели Кавраков во демантот.

Лажната вест дека Трпчески го прекинал концертот во Штип се појавува речиси еден месец по одржувањето на концертот во Штип. Новогодишниот концерт на учениците од нижото и средното музичко училиште се случи на 25 декември, а оркестрираните објави се случија на 17 јануари. Вистина е дека Трпчески на концертот говореше за студената сала во Домот на културата „Ацо Шопов“ и воопшто за условите во кои работат и творат македонските уметници, потенцирајќи дека треба да се одвојуваат повеќе средства, бидејќи тие се нашите амбасадори во светот. Но, тој критиките ги упати по завршувањето на својот настап на сцената со учениците.

 

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција