Синдромот „ненадејна смрт“ не е поврзан со вакцинацијата

Фото: pixabay.com

Постот дезинформира дека вакцинацијата предизвикува зголемена стапка на смртност од синдромот на ненадејна смрт- САДС. Инциденцата на ковид-19 е тесно поврзана со зголемена инциденца на ненадеен срцев удар и пониски стапки на преживување. Всушност, Фондацијата за синдром на ненадејна аритмија им препорачува на сите пациенти со САДС  да добијат вакцини против ковид-19. Вакцините против ковид не се поврзани со ненадејна смрт кај возрасни или деца воопшто. Миокардитисот, воспаление на срцевиот мускул, е поврзан во исклучително ретки случаи по вакцинација, но срцевите проблеми по заболувањето со ковид-19 се чести, сметаат од  универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД

Постот дезинформира дека вакцинацијата предизвикува зголемена стапка на смртност од синдромот на ненадејна смрт- САДС. Инциденцата на ковид-19 е тесно поврзана со зголемена инциденца на ненадеен срцев удар и пониски стапки на преживување. Всушност, Фондацијата за синдром на ненадејна аритмија им препорачува на сите пациенти со САДС да добијат вакцини против ковид-19. Вакцините против ковид не се поврзани со ненадејна смрт кај возрасни или деца воопшто. Миокардитисот, воспаление на срцевиот мускул, е поврзан во исклучително ретки случаи по вакцинација, но срцевите проблеми по заболувањето со ковид-19 се чести, сметаат од  универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук, тврди дека случаите на ненадејно починување се поврзани со вакцинација. Ваквото тврдење е неточно и неосновано.

Да не се правиме слепи кога имаме очи, и глуви кога имаме слух.

Единствената причина за појавата на новиот синдром кој ги опфаќа сите возрасти, наречен

“НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА” е на сликата.

И уште нешто…

Доколку го цензурираат постот, не е заради ширење лажни инфо, туку поради објавување на нивната АГЕНДА.

Во објавата не пишува  експлицитно дека вакцинацијата е виновна за појавата на  „новиот синдромот“ –  „ненадејна смрт“, но во неа е прикачена фотографија на која е прикажана вакцина. Иако на фотографијата не е директно посочена вакцината против коронавирусот, сепак самата објавата алудира на тие вакцини.

Синдромот на ненадејна смрт на возрасни, исто така познат како САДС (SADS), се јавува кога лице помладо од 40 години доживува ненадејна смрт без позната причина по обдукција и токсиколошки скрин (тест за лекови), пишува  „Хелт деск“.

Се смета дека нјачесто, САДС се јавува кога срцето развива абнормален ритам, инаку познат како аритмија. Ова обично може да предизвика срцето да чука со неправилен ритам кој е премногу брз или премногу бавен. Ако аритмијата не се дијагностицира и лекува, може да доведе до срцев удар.

Повеќето научници мислат дека САДС е предизвикана од срцева состојба што го попречува со електричниот систем на срцето. САДС не е исто што и срцев удар (исто така наречен миокарден инфаркт) бидејќи не е предизвикан од блокада, туку од аритмија.

„Ненадејни и неочекувани смртни случаи за време на спиење на млади возрасни“ за првпат биле забележани во медицинската литература во 1917 година. Сепак, многу е веројатно дека ова се случувало кај возрасните со векови.

Најголемите фактори на ризик за САДС се претходен срцев удар или коронарна срцева болест, со оглед на тоа дека 75 отсто и 80 отсто од случаите на SADS се поврзани со овие состојби.

Според „Хелт деск“, други потенцијални фактори на ризик вклучуваат:

  •  Срцеви проблеми, абнормален срцев ритам; Волф-Паркинсон-Вајт синдром; епизода на несвестица без позната причина; екстремно брзи или ниски отчукувања на срцето; срцеви блокови; поранешна или сегашна вродена срцева слабост; кардиомиопатија (проширена и хипертрофична); промени во калиум и магнезиум во крвта; задебелени срцеви мускули; и вентрикуларна тахикардија или фибрилација по срцев удар
  • Семејна историја
  • Генетика
  • Дебелината
  • Дијабетес
  • Употреба на лекови

Вакцините против ковид не се поврзани со ненадејна смрт кај возрасни или деца воопшто. Миокардитисот, воспаление на срцевиот мускул, е поврзан во исклучително ретки случаи по вакцинација, но срцевите проблеми по заболувањето со ковид-19 се чести, сметаат од  универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД.

Инциденцата на ковид-19 во заедниците е тесно поврзана со поголем број на инциденца на ненадеен срцев удар и пониски стапки на преживување. Всушност, Фондацијата за синдром на ненадејна аритмија им препорачува на сите пациенти со SADS да добијат вакцинаци против ковид-19.

Доктор Мајкл Џ. Акерман, професор на Клиничкиот колеџ на Мајо Клиниката вели дека две години откако е почната пандемијата со коронавирусот, нема индикација дека најголемата вакцинална програма во светот предизвикала раст на смртноста од овие состојби (САДС).

И според системот за набљудување и следење несакани ефекти од вакцината во САД, ВАЕРС, САДС не е пријавен како несакана реакција од вакцината.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е точно дека вакцинацијата против ковид-19 предизвикува зголемена стапка на смртност од синдромот САДС.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција