Скопјани сè уште не добија нов забавен парк

Фото: Официјален ФБ профил на Град Скопје

На почетокот на мандтот, неколку месеци по доаѓањето на функцијата, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на граѓаните на главниот град им вети нов луна парк. Ова негово ветувње досега (09.09.2021) не е исполнето. Според најавата на градските власти, годинава треба да се изработи проект и да почне изградбата на забавниот парк, а тој би бил готов во 2023 година.

Ветување: Скопјани ќе добијат нов луна парк

[Извори: Лидер; Скопје инфо; 24 инфо – август 2018]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

На почетокот на мандтот, неколку месеци по доаѓањето на функцијата, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на граѓаните на главниот град им вети нов луна парк. Ова негово ветувње досега (09.09.2021) не е исполнето. Според најавата на градските власти, годинава треба да се изработи проект и да почне изградбата на забавниот парк, а тој би бил готов во 2023 година.

Шилегов во август 2018 година, најави дека од следната сезона, скопјани ќе добијат луна парк

Оваа сезона немаме луна парк и јас размислувам за целосно нов концепт на Луна парк, тоа би било партнерство на градот со заинтересиран понудувач доколку не успееме да дојдеме до таа позиција тогаш ќе го модифицираме постојниот проект на луна паркот и за наредната сезона скопјани да можат да имаат Луна парк. Преку еден милион евра градот има потрошено на партерно уредување на постојната локација, ако не успееме да го направиме на партнерски однос тогаш поради почитта кон парите на граѓаните ќе мора да имплементираме нешто на постојната локација, вели скопскиот градоначалник во интервјуто за МИА кое го пренесоа и други медиуми.

Претходно, пак,  пролетта  истата година Шилегов ја стопираше изградбата на новиот луна парк, започната  во април 2017 година, пред крајот на мандатот на негвиот претходник, Коце Трајановски.

Во мај 2019 година градоначалникот Шилегов пред Советот на Град Скопје го презентираше проектот за нов тематски забавен парк на старата локација. Според планираното, паркот ќе се простира на околу 26.000 квадратни метри, ќе има три зони – детска, фамилијарна и адреналинска зона, во коишто ќе се постават 24 различни реквизити и содржини, и тој требаше да биде готов до среднината на 2020 година.

Фото: Официјален ФБ профил на Град Скопје

Но, во април 2020 година Шилегов најави дека наместо за изградба на новиот луна парк, Градот ќе се задолжи 12 милиони евра, за изградба и реконструкција на улици и друга инфраструктура.

Ги уверувам нашите сограѓани дека ова лето улиците во Скопје ќе продолжат да се градат, багерите повторно ќе работат. Ќе продолжат да се прават големите паркови што ги почнавме, мостовите и реновирањето на јавниот превоз. Ќе продолжиме да ги даваме истите социјални услуги и ќе ги адаптираме културните содржини на околностите додека не ги отвориме повторно. На крајот ќе подвлечам дека фокусирани сме на враќањето на парите назад во стопанството, преку обезбедувањето на повеќе средства за капитални инвестиции и одлагање на неприоритетните инвестиции како луна-паркот, изјави тогаш Шилегов

Во март оваа година (2021) градските власти информираа дека  ќе продолжи реализацијата на проектот за нов забавен парк :

На минатата седница на советот на Град Скопје беа донесени две измени на одлуки за реализацијата на проектот за изградба на нов забавен парк во Градскиот парк, со што се предвидува продолжување на реализацијата на овој проект. Во насока на изградба на нов забавен парк, Град Скопје на почетокот на 2020 година донесе одлука за земање заем наменет за изградба на овој забавен парк, но поради новонастанатата состојба поврзана со коронавирусот (ковид-19), оваа одлука се укина и средствата за задолжување се пренаменија за изградба и реконструкција на сообраќајници во градот Скопје.
Со новите две измени на одлуките се предвидува фазно продолжување на реализацијата на овој капитален проект, каде што финансиските средства за проектирање, изградба, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање ќе се обезбедат од Буџетот на Град Скопје за 2021, 2022 и 2023 година – информираа од Град Скопје.

Реализацијата на програмата е предвидено да се одвива фазно во периодот од 2021-2023 година и тоа: проектирање во 2021 година, изградба на инфрастртуктура, супраструктура и објекти во 2021 – 2022 година и набавка на опрема – реквизити и нивно монтирање: 2021 – 2023 година.

Па, со оглед на тоа што допрва се најавува отпочнување на изградбата на забавниот парк, а неговото звршување и монтирање на реквизитите се очекува да биде во 2023 година, што пак, го надминува овој  градоначалнички мандат на Шилегов којшто завршува во октомври оваа година,  ветувањето го оценуваме како неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција