Скопје доби нови еколошки автобуси

Фото: skopje.gov.mk

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за локалните избори (октомври 2017г.), на кои како кандидат на СДСМ ја бараше довербата за градоначалничката функција во главниот град,  вети  „еколошко и модерно решение за јавниот градски превоз со автобуси на гас“. Ова ветување на Шилегов, наведено во неговата изборната програма, „Живот во Скопје за сите!“(стр.18), во рамките на проектот:  „Комбиниран јавен превоз сврти го градот без автомобил!“,   е исполнето.

Ветување: Еколошко и модерно решение за
јавниот градски превоз (екоавтобуси)

 [Извор: Изборна програма на Петре Шилегов (2017-2021) – „Живот во Скопје за сите“ (стр.18) , датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за локалните избори (октомври 2017г.), на кои како кандидат на СДСМ ја бараше довербата за градоначалничката функција во главниот град,  вети  „еколошко и модерно решение за јавниот градски превоз со автобуси на гас“. Ова ветување на Шилегов, наведено во неговата изборната програма„Живот во Скопје за сите!“(стр.18), во рамките на проектот:  „Комбиниран јавен превоз сврти го градот без автомобил!“,   е исполнето.

На градските линии во Скопје сообраќаат 33 нови екоавтобуси, односно 21 нископоден автобус со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со поединечен капацитет од 149 патници.

Новите екоавтобуси на гас се од германската компанија MAN и се пуштени во сообраќај од минатото лето (јули 2020 година). Градските власти тогаш соопштија дека еден екоавтобус годишно ќе заштедува до 25.000 евра за гориво во споредба со потрошувачката на старите дизел автобуси, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП „Скопје“, а истовремено го намалува и загадувањето на животната средина преку издувни гасови.

Град Скопје со набавката на новите 33 нископодни MAN CNG автобуси за ЈСП, на претпријатието му овозможи да врши превезување на речиси двојно повеќе патници коишто имаат поголем простор и комоција за движење, што придонесува за побрз проток на патниците низ возилото, со повеќе врати за влез и излез, како и валидатори на предната и на задната врата. Ваков тип на екоавтобуси веќе се користат во јавниот превоз на Шпанија, Норвешка, Унгарија и Полска, информира од Град Скопје.

Деновиве (22.08.2021) Град Скопје  ги презентираше комуналните возила и автобуси кои беа набавени во изминативе четири години за потребите на јавните градски претпријатија. Меѓу возилата изложени на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ можеа да се видат и екоавтобусите на гас од германскиот производител MAN

ЈСП Скопје е побогато за 33 нови МАН автобуси, од кои единечни се 21, а зглобни се 12. Ова се едни од најквалитетните светски автобуси, односно кога ја купуваме механизацијата мислиме на тоа да го одбереме тоа што е најдобро за скопјани рече градоначалникот Петре Шилегов, на презентацијата.

Фото: skopje.gov.mk

*****

Првите четири еколошки автобуси  низ улиците на Скопје почнаа да сообраќаат пролетта 2018 година, а во јули истата година  почна и постапка за набавка на 30-тина  нови автобуси на гас. „Вистиномер“ тогаш  го  анализираше ова ветување на Шилегов и го оцени „во тек“.

 

ИЗВОРИ:

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција