Славчо Чадиев

 

Славчо Чадиев е градоначалник на Општина Велес.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Славчо Чадиев е роден 1959 година во Велес, Република Македонија.

Оженет и татко на две деца. Сопругата Весна Чадиева е доктор по патолошка анатомија, вработена во ЈЗУ Општа болница во Велес. Ќерката Билјана е доктор по општа медицина, а синот Александар е средношколец.

Негово хоби e риболовот. Голем љубител на спортот со посебен акцент на карате вештината со која претходно се занимавал.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно и средно училиште завршува  во својот роден град Велес. Дипломирал на Дефектолошкиот факултет во Белград. Магистерски студии завршил на Институтот за Дефектологија при Филозофскиот Факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје и ја носи титулата: Магистер – сурдолог.

Зборува англиски јазик.

 

КАРИЕРА

До изборот за градоначалник на Велес бил вработен  во „ЈЗУ Општа болница“ Велес, ОРЛ одделение.

Потпретседател е  на Сојузот на дефектолози на Македонија, долгогодишен соработник на Сојузот на глуви и наглуви на Република Македонија, како и на Заводот за глуви лица – „Kочо Рацин” од Битола. Исто така е активен и во подружниците на Сојузот на глуви и наглуви и Сојузот на слепи лица во Велес.

Негова животна определба е кршење на бариерите и актуелизирање на третманот на лицата со пречки во развојот како и нивно интегрирање во системот.

Голем придонес има во создавањето и афирмирањето на извидништвото во Велес.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Член е на ВМРО ДПМНЕ од 1990 година и претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Велес. Носител е на советничка листа на локалните избори 2005 и 2009 година, и претседател на Советот на Општина Велес до локалните избори во 2013, кога е избран за градоначалник на Општина Велес.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на Општина Велес – Градоначалник на Општина Велес, М-р Славчо Чадиев

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција