Смрт на норвешки доктор злоупотребена за ширење теории на заговор против вакцините

Вакцина на „Фајзер“ Фото: U.S. Secretary of Defense, Public domain, via Wikimedia Commons

Објавата што ја рецензираме шири недоверба кон вакцините базирана на непостоечки факти, односно смрт на проминентно лице кое што било вклучено во промоција на вакцинацијата за време на пандемијата. Неговата смрт е злоупотребена за да се протурка наративот за постоењето на „сатанисти од длабоката држава и фармакомафијата“ кои вршат „злосторства врз човештвото“. Вакцините против ковид 19 беа создадени со бројни испитувања и се безбедни ефикасни и широко употребувани во целиот свет. Несаканите ефекти од нив се мониторираат но безбедносниот профил на вакцините против ковид и понатаму е поволен. 

Објавата што ја рецензираме шири недоверба кон вакцините базирана на непостоечки факти, односно смрт на проминентно лице коешто било вклучено во промоција на вакцинацијата за време на пандемијата. Неговата смрт е злоупотребена за да се протурка наративот за постоењето на „сатанисти од длабоката држава и фармакомафијата“ кои вршат „злосторства врз човештвото“. Вакцините против ковид-19 беа создадени со бројни испитувања и се безбедни ефикасни и широко употребувани во целиот свет. Несаканите ефекти од нив се мониторираат, но безбедносниот профил на вакцините против ковид и понатаму е поволен

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Ако „некој“ особено влијателен „сатанист“ од „длабоката држава“, „фармакомафијата“, ти овозможува и дозволува да ги користиш, контролираш и раководиш со техничките, материјалните и другите средства, да крадеш и сториш разновидни злодела врз сопствениот народ, а и кон целото човештво, биди сигурен дека тој „некој“ те користи, контролира, раководи и одлучува за твојата „присилна смрт“ а воедно одлучува и за твоите најмили!

Во склоп на објавата се споделува фотографија од Аре Стувиц Берг (Are Stuwitz Berg), директор на одделот за контрола на заразни болести во Институтот за јавно здравје на Норвешка, кој e починат. Неговата смрт во објавата се злоупотребува за ширење теории на заговор.

Вакцинацијата против ковид-19 не претставува операција на сатанистите и длабоката држава, ниту, пак, фармакомафијата, а не претставува ниту „злосторство против човештвото“. Досега во историјата не постои вакцина како онаа против ковид-19, која е администрирана на толку голем број на луѓе (милиони ширум светот). Затоа може да се заклучи, како што впрочем посочуваат медицинските агенции задолжени за следење на контролата и квалитетот на вакцините, дека таа има позитивен безбедносен профил.

Смртта на директорот на одделот за контрола на заразни болести во ИЈЗ на Норвешка Аре Стувиц Берг, не е „присилна смрт“. Како што објавува националниот јавен сервис на Норвешка „НРК“ Стувиц Берг починал на возраст од 53 години после неколкумесечно боледување. Берг беше еден од лидерите на Институтот за јавно здравје на Норвешка, кој честопати во медиумите за време на пандемијата даваше нови информации со цел Норвежаните да бидат информирани за најновиот развој на настаните.

На 29 јули 2025 година во најголемиот норвешки весник со седиште во Осло „Афтенпостен“ објавен е некролог за Стувиц Берг.  Тој почина на 6 јули на возраст од само 53 години, после неколкумесечно боледување, пишува во некрологот.

Во објавата што ја рецензираме во делот на српски јазик пишува дека „неговата смрт е дел од смртните случаи кои предизвикуваат сомнеж“ и се додава дека „вакцинацијата е еден од најголемите гревови и злосторства вршени врз човештвото“. Сето ова е неаргументирано, односно не е наведено за што е сомнежот што ја предизвикува смртта на вработениот во Институтот за јавно здравје на Норвешка?!

Во некрологот кој го цитираше друг познат норвешки медиум „VG“ пишува дека Аре бил уникатен лидер, препознатлив професионалец и грижлив колега, високо почитуван и во Институтот за јавно здравје на Норвешка и во цела Европа.

Многумина ќе го паметат Аре од неколкуте телевизиски гостувања за време на пандемијата, каде пренесуваше комплицирани пораки на едноставен начин. Тој ја водеше практичната имплементација на програмата за вакцинација против ковид-19 и ги поддржуваше професионалците ширум земјата во нивната работа, пишува „VG“.

Друг медиум, „Економик Тајмс“, пишува дека по смртта на Стувиц Берг, несериозни онлајн платформи пласирале непотврдени тврдења дека „неговата смрт била поврзана со ковид вакцините“.

Норвешките власти и мејнстрим медиумите не ги поддржаа ваквите тврдења. Нема медицински или официјален извор кој потврдува каква било поврзаност меѓу смртта на Берг и вакцинација, пишува „Економик Тајмс“.

Вистиномер веќе ги има дебанкирано невистините и теориите на заговор дека вакцинацијата е „злосторство против човештвото“ овде и овде.

Објавата што ја рецензираме шири недоверба кон вакцините базирана на непостоечки факти, односно смрт на проминентно лице вклучено во промоција на вакцинацијата за време на пандемијата. Неговата смрт е злоупотребена за да се протурка наративот за постоењето на „сатанисти од длабоката држава и фармакомафијата“, кои вршат „злосторства врз човештвото“. Вакцините против ковид-19 беа создадени со бројни испитувања и се безбедни ефикасни и широко употребувани во целиот свет. Несаканите ефекти од нив се монитроираат но безбедносниот профил на вакцините против ковид и понатаму е поволен. 
Медицински агенции, министерства за здравство од бројни држави во светот, медицински професионалци, имунолози… сите се согласуваат дека ковид вакцините придонесоа за крајот на ковид пандемијата која одзеде илјадници животи, го стави светот во здравствена и економска криза и ги доведе во прашање физичкото и менталното здравје на светската популација.
До август 2024 година, 13,54 милијарди вакцини против ковид-19 беа администрирани ширум светот.
Вакцините го тренираат вашиот имунолошки систем да ги препознае таргетираните вируси и да создаде антитела за да се бори против болеста. По вакцинацијата, телото е спремно да се бори против вирусите поефективно, да спречи болест компликација и смрт, што се ризици што доаѓаат со природната инфекција. Милијарди луѓе ширум светот безбедно се вакцинирани против ковид-19. Сите одобрени вакцини против ковид-19 се внимателно тестирани и продолжуваат да бидат мониторирани, пишува на страницата на Светската здравствена организација.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција