Смртта на Пеле и папата Бенедикт не е поврзана со ковид вакцините

Информацијата за смртта на папата Бенедикт дојде деновиве откако претходно папата Франциск побара од верниците да се молат за него, информирајќи дека е многу болен. Неговото здравје се влошуваше некое време. Точно е дека тој примил три вакцини против ковид-19, меѓутоа уште во 2021 година и тоа не може да се поврзе со неговата смрт. Фудбалерот Пеле бил целосно вакциниран,ама исто така, неговата смрт не е резултат на вакцината туку последица на канцерот на дебелото црево , односно на  компликации кои настанале со белите дробови

Информацијата за смртта на папата Бенедикт дојде деновиве откако претходно папата Франциск побара од верниците да се молат за него, информирајќи дека е многу болен. Неговото здравје се влошуваше некое време. Точно е дека тој примил три вакцини против ковид-19, меѓутоа уште во 2021 година и тоа не може да се поврзе со неговата смрт. Фудбалерот Пеле бил целосно вакциниран, ама, исто така, неговата смрт не е резултат на вакцината, туку последица на канцерот на дебелото црево, односно на  компликации кои настанале со белите дробови

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека починале папата Бенедикт шеснаесетти и фудбалерот Пеле. Во постот се доведува во прашање нивната смрт со нивната поддршка кон вакцинацијата, како и со нивниот избор да се вакцинираат. Во коментарите под постот изнесени се недолични зборови и говор полн со непочитување и омраза.

Во постот се вели:

Починале Папата Бенедикт Шеснаесетти и Пеле. Пеле четири пати вакциниран.

Папата Бенедикт Шеснаесетти почина во манастир во Ватикан на 95 годишна возраст.

Со тага ве информирам дека Папата Емеритус, Бенедикт XVI, почина денеска во 9 часот и 34 минути во Матер Еклисиае Манастирот во Ватикан, изјави директорот на службата за односи со јавност Матео Бруни.

Информацијата за смртта на папата Бенедикт дојде деновиве откако Папата Франциск побара од верниците да се молат за него, информирајќи дека е многу болен. Неговото здравје се влошуваше некое време. Точно е дека тој примил три вакцини против ковид-19, меѓутоа уште во 2021 година и тоа не може да се поврзе со неговата смрт.

Што се однесува пак на Пеле, тој почина на возраст од 82 години. Легендарниот бразилски фудбалер почина после битка со канцер на дебелото црево поради што беше хоспитализиран еден месец. Во текот на минатата година од дебелото црево отстранет му беше тумор. Бразилецот е широко почитуван како најдобриот фудбалер на сите времиња, со неверојатна кариера. Тој е единствениот фудбалер кој го освоил Светскиот куп трипати, вклучително и кога имал само 17 години. Пеле беше еден од највлијателните луѓе на дваесеттиот век. Тој навистина беше амбасадор на Фајзер за да ги мотивира мажите ширум светот да се отворат на табу темата за еректилна дисфункција, но никогаш не земал Вијагра, како што и самиот кажал.

Не сум ја користел. Мојот договор беше за да им кажам на луѓето да земат Вијагра со лекарски рецепт, но не сум почнал да ја користам, изјавил тогаш Пеле.

Неговиот договор со Фајзер почна во 2002 година кога почна кампања за подигнување на свесноста за еректилната дисфункција. Во следниот напис може да се прочита дека Пеле давал изјави за оваа кампања, како тој мислел дека луѓето се затворени за еректилната дисфункција односно да зборуваат на оваа тема, но подоцна како што сфатил, проблемот со незборувањето на темата бил глобален, универзален, а не културолошки.

Пеле се вакцинирал против ковид-19 на 2 март 2021 година и упатил апел тоа да го сторат и другите.

Како што може да се види на следниот линк, Пеле бил целосно вакциниран, но неговата критична состојба не е резултат на вакцината, туку на канцерот, односно на  компликации кои настанале со белите дробови.

Иако луѓето иницијално шпекулираа дека Пеле имал ковид-19, неговата најстара ќерка Кели Насцименто објасни дека имал коронавирус претходно, но подоцна (во критичниот период) имал инфекција на белите дробови.

Тој е целосно вакциниран, но поради лековите против канцерот, хемотерапијата, доби инфекција на белите дробови. Затоа отиде во болница, поради инфекцијата на белите дробови. Дали е сериозно? Сериозно е, зашто е во поодминати години и се лечи од канцер, изјавила таа.

Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како пост во кој се пропушта контекстот. Фактот што фудбалерот Пеле и Папата Бенедикт биле вакцинирани не е поврзано со нивната смрт. Тоа што фудбалерот бил дел од кампања на Фајзер фокусирана на еректилна дисфункција (не пиел Вијагра како што самиот Пеле кажал), исто така, не е поврзано со неговата смрт.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција