Со фотографија креирана со ВИ лажно се тврди дека загинал Нетанјаху

Бенјамин Нетанјаху, април 2021 г. Фото:U.S. Air Force Staff Sgt. Jack Sanders / U.S. Secretary of Defense, Public domain, via Wikimedia Commons

Ако навистина Нетанјаху загинеше тоа би било објавено од сите големи светски медиуми. Но, таква вест не најдовме во ниту еден релевантен светски медиум, ниту пак, такво нешто е објавено од официјални лица од Израел.

Ако навистина Нетанјаху загинеше тоа би било објавено од сите големи светски медиуми. Но, таква вест не најдовме во ниту еден релевантен светски медиум, ниту пак, такво нешто е објавено од официјални лица од Израел. И во минатото се ширеле изменети или погрешно објаснети слики и видеа поврзани со Нетанјаху, кои подоцна биле демантирани од фактчекери

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

AJDE NEKA E ZA AIRLIJA PA I ZA NOBELOVECOT PEDOFILOT NA EPSTAIN VAKA DA SI DOČEKAME

Објавата споделува фотографија, не многу квалитетна, но на неа може да се забележи израелскиот премиер Бенјамин Нетнјаху како спасувачи го извлекуваат од под урнатини. Со ваква фотографија и објава, се сугерира дека Нетанјаху загинал во одмаздничките ирански напади врз Израел.

Нашата проверка покажа дека информацијата оти Нетанјаху загинал е лажна, а фотографијата споделена во објавата е креирана со помош на вештачка интелигенција.

Ако навистина Нетанјаху починеше тоа би било објавено од сите големи светски медиуми. Но, таква вест не најдовме во ниту еден релевантен светски медиум, ниту пак, такво нешто е објавено од официјални лица од Израел.

И во минатото се ширеле изменети или погрешно објаснети слики и видеа поврзани со Нетанјаху, кои подоцна биле демантирани од фактчекери.

Фотографијата ја побаравме на Гугл и ја најдовме само во објави на социјалните мрежи, претежно на Икс, и во истите се тврди дека загинал израелскиот премиер.

Во една објава на Фејсбук, ја најдовме истата фотографија, но со подобар квалитет.

Нашата проверка покажа дека фотографијата не е реална, туку е дело на вештачка интелигенција.

Тоа го потврдивме со помош на SynthID, системот на Гугл дизајниран да идентификува содржина генерирана или изменета со сопствена вештачка интелигенција. Според техничката анализа, поголемиот дел или целата слика се чини дека е создаден или изменет со алатките за вештачка интелигенција.

Еве неколку клучни докази што укажуваат на тоа:

Техничка анализа: Извршената проверка со алатката SynthID на Google не детектираше воден печат на Google, што значи дека сликата најверојатно е направена со друг AI модел.

Визуелни грешки: При детално набљудување, може да се забележат типични грешки за вештачка интелигенција:

Рацете и прстите: Прстите на спасувачите на некои места изгледаат неприродно споени или имаат необични пропорции.

Детали на лицето: Иако личи на Нетанјаху, текстурата на кожата е премногу „мазна“, а обликот на ушите не се совпаѓа со неговите вистински карактеристики, што е честа слабост на AI моделите.

Нема официјална потврда: Не постои ниту еден извештај од светските новински агенции за каков било инцидент каде премиерот на Израел бил спасуван од урнатини. Оваа и слични фотографии (како онаа во болница) се дел од бран дезинформации што се шират на социјалните мрежи уште од крајот на 2023 година, стои во анализата на Гугл со помош на системот SynthID.

Дека фотографијата е креирана со помош на вештачка интелигенција, потврди и алатката Хајв модерејшн (Hive moderation).

Дека Нетанјаху не е починат може да се потврди и од неговото појавување во јавност на 3 март (објавата што ја анализираме е  еден ден претходно – 2 март) кога тој изјави дека војната против Иран може да потрае „некое време, но не со години, нагласувајќи дека Израел и САД сакаат да ја отстранат заканата од иранските ракети и нуклеарна програма.

Реков дека може да биде брзо и одлучувачко. Можеби ќе потрае некое време, но нема да потрае со години. Не е бесконечна војна, рече Нетанјаху во емисијата „Ханити“ на Фокс њуз.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција