Со фотографија креирана со ВИ се мамат емотивни реакции на социјалните мрежи
Ја побаравме фотoграфијата на Гугл, но не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува само во Фејсбук групи, во некои и пред седум години, со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи
Објавата е доста вирална и во моментот на нашата анализа има 7.800 допаѓања, 1.300 коментари и 13 споделувања. Ја побаравме фотoграфијата на Гугл, но не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува само во Фејсбук групи, во некои и пред седум години, со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Утринава во 4:20 нашиот живот засекогаш се промени.
По 17 години чекање, надеж и молитви
конечно станавме родители.
Денес го земав мојот син во прегратка за првпат…
и во тој момент ги почувствував сите благослови
за кои некогаш сум молела.
Објавата споделува и фотографија на која се гледаат маж и жена, притоа жената лежи во болничка постела, а мажот држи бебе во рацете.
Објавата е доста вирална и во моментот на нашата анализа има 7.800 допаѓања, 1.300 коментари и 13 споделувања.
Ја побаравме фотoграфијата на Гугл, но не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува само во Фејсбук групи, во некои и пред седум години, со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи.

Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција.
Тоа го потврдуваат алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција, како и Гугл.

Така на пример Sightengine, покажува дека фотографијата е 99 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

Според алатката Hive, фотографијата е 99,9 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

На социјалните мрежи сè почеста станува практиката да се злоупотребуваат фотографии креирани со помош на вештачка интелигенција за да се привлечат кликови и да подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај. Целта е да се креира емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар